Home Естрада Саша Поповиќ му нареди: нека дојде со гипс на нога, гледачите не...

Саша Поповиќ му нареди: нека дојде со гипс на нога, гледачите не смеат да трпат

Поради пандемијата и вонредната состојба во Србија беа откажани снимањата на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Меѓутоа, како што соопштија од Гранд, од крајот на мај ќе продолжат со снимања, но сезоната нема да заврши оваа година во јуни, туку ќе продолжи во септември.

Еден од членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид беше заболен од корона, но успеа да ја победи и да оздрави.

При крајот на месец март оваа година, како гром од ведро небо проструи веста дека членот на жирито на шоуто „Гранд“ Ѓорге Давид е заразен со Корона.

Тој рече дека поради природата на неговата работа многу патувал а тоа значело и контакти со многу луѓе. Тој често доаѓал и во Македонија и се фотографирал и разговарал со многу луѓе.

,,Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа.

А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав, рече тогаш Давид.

Сепак, по оздравувањето пејачот повторно има здравствени проблеми односно ја скрши ногата.

Наводно, директор на „Гранд“ му наредил на Ѓорѓе на снимањата да дојде со ногата во гипс, пишува порталот Вистина.

„Саша планира да воведе некои нови правила. Тој се труди секоја сезона да биде различна. Жирито останува исто, но Ѓорѓе Давид има проблем. Тој се излечи од корона, но ја скрши ногата и таа му е во гипс.

Пејачот не знае како ќе дојде на снимања и како ќе седи со часови. На Сале му е жал, но му кажа да не помислува на боледување. На снимањата нека дојде со гипс. А во студиото ќе му наместиме да му биде удобно. Ни натпреварувачите, ни публика не смеат да трпат“ вели за „Свет“ добро известен извор.

Инаку, прво ќе снимаат кандидати од Србија, а потоа кандидатите од другите држави.