Home Вести (ФОТО) Општина Кочани се жали: Им асфалтираме улица, но жители го украле...

(ФОТО) Општина Кочани се жали: Им асфалтираме улица, но жители го украле свежиот бетон

Од истокот на државата, поточно Кочани ни стигнува помалку чудна, но вистинита информација која е објавена и од самата Општина која се пожали јавно

Кракот од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, кој денеска беше бетониран, моментално е уништен. Жители на улицата, додека бил свеж бетонот, си земале од него и го распоредувале по сопствена волја.

Очевидци го пријавиле делото кај надлежните служби, а претставници на Одделението за внатрешни работи и на компанијата изведувач веќе биле на увид.

– И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме.

Уништувањето на патната инфраструктура значи уништување на јавното добро и е казниво со закон – соопшто Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Општина Кочани преку шемата за мали грантови финансирана од Европска Унија и Советот на Европа – РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ обезбеди грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака на улицата „Стамен Манов“.

Со кој е предвидено бетонирање на два крака коишто ги поврзуваат улицата „Стамен Манов“ со м.в. Колерски гробишта, во вкупна должина од 255 м и ширина од 3,5 м.

За имплементација на овој проект се потпиша договор помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот.