Home Живот Која е фаталната прилепчанка што им го ,,мати умот” на мажите и...

Која е фаталната прилепчанка што им го ,,мати умот” на мажите и им ги зема парите

Завчера пишувавме за Благојче Петревски, 56 годишникот од Скопје, кој останал без своите 3 000 евра, пари кои наместо за исплата на семеен долг, завршиле во рацете на неговата љубовница. Таа заминала без трага и глас.

Ја запознал на фејсбук мислејќи дека ќе му биде животна сопатнична, без ниту грам сомнеж дека по 8 месеци ќе го ограби и ќе избега.

Но Благоја кој случајот го пријавил во МВР, вели дека не е единствениот измамен од 49 годишната прилепчанка, за која има сознанија дека на сличен начин успеала да извлече пари уште од 3ца мажи, од други градови.

Во врска со Вашето барање, Ве известуваме дека во СВР Битола и ПС Прилеп дека против лицето Л.В. од Прилеп во 2014 година поднесена е една кривична пријава за кражба по член 235, став 1 од Кривичниот законик. Во нашите евиденции за други настани и пријави за лицето нема пријава.

Но, во билтенот на МВР од пред две години, стои уште една кривична пријава против женско лице со исти иницијали од Прилеп, која од своја вујна украла 84 000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Л.В. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 03.12.2017 година пријавената заедно со нејзината вујна Д.П. (82) од картичката на Д.П. извадиле 4.000 денари, по што пријавената ги зела парите и картичката. Потоа, во текот на декември 2017 година од картичката повлекла вкупно 80.000 денари, со што се стекнала со протвправна имотна корист од 84.000 денари.

Новинарката Каролина Дурло од Прилеп, влезе во трага на фаталната 49-годишна прилепчанка, со иницијали Л. В., која деновиве ја бранува македонската јавност, откако некои од нејзините поранешни интимни пријатели се охрабрија јавно да проговорат за тоа како станале жртви на нејзините измами и кражби на поголеми суми нивни пари, според информациите до кои дојде Алфа, веќе шест години не е непознат лик за органите на прогонот.

„Таа во моментов има две активни пријави. Едната, датирана од 2014-та година за „кражба на мобилен телефон од стан“, а втората е од пред две години за „измама и злоупотреба на платежна картичка“ од своја блиска, повозрасна роднина“, дознаваме од наши полициски извори.

Но, и покрај ова, според истиот наш извор, оваа жена се уште е на слобода, непречено продолжувајќи ја својата веќе разработена шема за „лов“ на поситуирани и очигледно, понаивни партнери, од кои, откако ќе ги ограби, заминува без трага и глас.

Прилепчанката ја нема ниту во нејзиниот дом во Прилеп, од кој откако пред неколку години поч инал нејзиниот втор сопруг, таа била избркана од неговите роднини. Тука, сега живеат нејзиниот син, посинoкот и свекорот.

Соседите, кои од почит кон семејството, не сакаа да зборуваат во камера, зад камерата не го криеа своето чудење зошто таа се однесувала така кога никогаш, како семејство, не биле во лоша финасиска состојба.

Дури, издавале и дуќани под кирија. Ја опишуваат како жена која луѓето ги „фаќала“ на емоции, со плачки и измислени, емотивни приказни.

Еден од соседите вели дека за малку и тој ќе станел жртва на нејзините измами, за извесна бизнис-зделка, но благодарение на разбирањето на нејзиното семејство, тој поминал неоштетен.

Според соседите, се побројни биле и луѓето кои зачестено доаѓале кај семејството од кое си ги барале своите пари, што особено срамно и тешко им паѓало на нејзините веќе возрасни деца.

За овој случај побаравме одговор и од прилепското ОЈО, меѓутоа оттаму ни беше речено дека заради Короната, Обвинителството се уште е затворено за странки, а најсоодветно за ваквите предмети било тие да се отворат на лице место, како би се избегнале евентуални несакани последици.