Home Живот Нашинецот Филип од Холандија: За сите што сеуште се во Македонија ќе...

Нашинецот Филип од Холандија: За сите што сеуште се во Македонија ќе ви дадам два искрени совет

Статус на Филип Зиков:

Долго се мислев дали да пишам нешто за актуелнава ситуација во Македонија. Но денес нешто пак ми го тригираше мозокот на оваа тема.

Внатре во мене нешто ни вика “Абе што се замараш и онака си одселен 2 ипол години, нема што ти да кажуваш, гледај си таму кај што си” и 100 други муабети што ги имам слушнато за луѓе кои живеат во дијаспората.

За луѓе кои се родени во Македонија, кои израснале во Македонија и имале храброст за да остават се што имале, познавале и створиле во животот во Македонија и се преселиле во туѓа земја која што не познаваат никого и треба се да почнат од нула…

Но сепак решив да пишам, зошто сепак се што се случува во Македонија мене ме допира. Таму ми се родителите, таму ми е фамилијата, таму ми се другарите. И многу ми е жал, а и од друга страна ми ствара гнев сето ова што го гледам во последните неколку дена.

Имено во неколку дена се случуваат за мене страшно контрадикторни работи и одлуки кои дел се противуставни, а дел се само смешни и иритирачки кон генералното население, а и нелогични во споредба со околните држави и нивните одлуки.

1. Донесоа одлука дека дел од владините службеници, министри и пратеници можат да патуваат надвор од државата без да влезат во задолжителен карантин (веројатно имаат стекнато имунитет од пиењето на кр вта на обичниот граѓанин последните три децении), додека има луѓе кои живеат во странство и не можат да си ги видат фамилиите затоа што би требало ако дојдат во Македонија, да влезат во 14 дена државен карантин и 14 дена домашна изолација. Јас искрено не сум сретнал некој кој може да си дозволи отсуство од работа во времетраење од месец дена изолација и плус денови за да се види со фамилијата.

2. Носат одлука да има избори. Избори во средина на нивната пандемија, полициски часови, забрани за собири, државни карантини и домашни излации, АМА затоа може да има митинзи, може да има пултови со пропагандни материјали, одење од врата на врата и делење материјали. КАКВА ИРОНИЈА ЧОВЕЧЕ, каков mindfuck.

3. Денес се носи полициски час за викенд од сабота до вторник. ПОЛИЦИСКИ ЧАС. Во време кога сите држави отвараат полека ресторани и тргаат забрани за патување. Овие наши генијалци донесоа одлука за полициски час, а сакаат во рок од 20-30 дена да оддржат избори. Генијалци.

4. Сите овие одлуки се носат на некакви лидерски средби, на некои пржински-преспански-охридски-не знам какви средби. Зошто имаме ние уставен поредок, каде се уставните судии, собрание, претседател и технички влади. Чиви лидери се тие? Партиски?

Не е подобро да се направи експертска влада/комисија која ќе го води народот во оваа криза? Мене и луѓето јас што ги знам не не претставуваат тие “лидери”. Зошто сме ние помалку битни во оваа демократска република? Само затоа што не припаѓаме на трлото овци? Џабе кога во државата нема веќе ниту една независен и неутрален државен орган/комисија/суд и вакви маалски муабети како лидерски средби им поминуваат.

Не знам што повеќе да кажам, а има многу за кажување.Јас ќе кажам само дека можеби сум се спасил од тој нивен паралелен универзум, кој има логика само во нивните глави и главите на нивните партиски војничиња и вечни поданици.

И не се прашувајте зошто луѓето се селат. Нема да кажам младите, зошто веќе не се селат само млади, се селат луѓе на сите возрасти зошто им е веќе смачено да преживуваат и да играат по правилата на група на луѓе кои се на власт веќе 30 години и само се ротираат на власт за подеднакво на краде. А всушност сте исти. И ДПМНЕ и СДСМ и сите останати партиички кои постојат наооколу. Се жалите дека едните крадат, а вие што дојдете на власт се претварате во копија од тие што ги плукате.

А за сите што сеуште се во Македонија ќе ви дадам два искрени совет.

– Ако сте решиле да останете во МК (за жал сум пробал, не ја бива работата) не ќутете, бунете се, искачајте на протести (не партиски) и не преќутувајте. Најлошото нешто што можете да го направите е преќутите и да ги оставите да крадат на мира. И на тие што шират лажна пропаганда и лажни вести, соочете ги, пишете им, не ги оставајте да трујат омраза и братомржња. Како што би рекле Америте „Give ‘Em Hell“.

– Ако веќе сте ја пробале првата опција и видовте дека не ја бива бегајте. Спакувајте се, изберете ја државата која Вас ви одговара и селете се. Можеби ќе ви биде тешко на почеток, можеби ќе викате напорно е целиот процес итн. АМА вреди.

Кога ќе видите што значи средена земја, што значи слобода, кога ќе видите што значи мирен ум од политички притисоци ќе сфатите дека се тоа вредело. И да некогаш е тешко да си далеку од се што си познавал и се што сакаш, тешка е носталгијата, ама ништо не може да се спореди со слободата на мозокот која тука ја имаш.

Одлучете си сами што сакате, само немојте да дозволите животот да ви помине во сенка политички затвор зошто животот е краток и треба да се ужива во него со целиот потенцијал.

П.С. Денес 21.05.2020 на продолжен викенд во Холандија. Нема забрани, нема полициски часови, нема маски на отворено, нема затворени граници и медиумска па ника. Здрава нација, здрав, паметен и разумен народ. Никога затворени граници со Германија. А вие видете кој ве води, што ви кажува и како на кој начин ве тера да го живеете животот.