Home Живот Вила на езеро и кралски пентхаус со непроценлива глетка – ова е...

Вила на езеро и кралски пентхаус со непроценлива глетка – ова е имотот на Новак до 33.роденден

Она што го стекнал со напорна работа и големи спортски успеси, тој исто така, паметно го вложува во луксузни недвижнини.

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ денес полни 33 години, а веќе сега се вбројува меѓу најдобрите во историјата на овој спорт.

Возбудливата кариера и големиот број на значајни трофеи ја следи и адекватно банковно салдо, па Новак со заработка од 131 милиони евра на турнирите веќе води во историјата на овој спорт.

Не е тајна дека овој Србин сака и да троши, а огромната сума на пари што ја заработил од тенисот, се чини дека посебно ужива да ги вложува во луксузни недвижнини.

Оттаму Новак има раскошни станови и куќи во Монте Карло, Њујорк, Мајами, Белград.. а поседува и прекрасна вила во срцето на Срем, на обалата на Павловачко езеро.

Новаковата база и местото каде престојува најголем дел од времето е Монако. Добра клима, терени, даночни олеснувања… Сето тоа се мотивите кои одлучиле тој да живее во прочуеното кнежество на Азурната обала.

На една од најпрестижните локации во Монте Карло, Ноле има стан со кралски поглед, а соседи му се познатите спортски фаци како Каролина Возњацки и Луис Хамилтон.

Новак има недвижнини и во САД. Списанието Wall Street Journal во 2017 година објави дека Ѓоковиќ во Њујорк на Менхетен купил два стана со вкупна големина од 185 квадрати и вредност од 5 милиони евра. Интересно е тука го има славниот сосед, Кристијано Роналдо.

Некаде истовремено кога го купувал станот во Њујорк, Ѓоковиќ купил стан и во мајами во елитната населба “Ејти севен парк” на обалата на Мајами Бич, исто така, во градата која ја дизајнирал италијанскиот архитект Ренцо Пиано. Ѓоковиќ за ова задолство издвоил 6 милиони евра.

Најдобриот тенисер на светот има свое катче и во родниот Белград, каде купил стан во елитната населба West 65. Поедини медиуми пишуваа дека Новак пентхаусот од 250 квадрати во оваа населба, со 100 квадрати тераса со базен, тој го платил 545 000 евра.

Ѓоковиќ поседува и стан во елитната населба Порто Монтенегро во Тиват, кој му служи за крстарења по Јадран.

Според медиумите, станот вреди околу 2,2 милиони евра, а реновиран е после раѓањето на синот Стефан.

На крај тука е и вилата во Срем крај Павловачкото езеро која сè уште е во изградба.

Има 1200 квадрати, базен, а интересно е тоа што, после сознанието дека Ѓоковиќ тука гради вила, цените на плацевите скокнале неколку пати.

Извор: Телеграф