Home Вести Дијаспора Анета Молика им посвети песна на Македонците во Австралија и Америка (ВИДЕО)

Анета Молика им посвети песна на Македонците во Австралија и Америка (ВИДЕО)

Анета Молика во својата долгогодишна музичка кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно.

На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова.

Жирито беше воодушевено, едногласно беше примена на фестивалот. Таму ја испеа песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзино прво појавување на сцена. Нашето мирно девојче на сцена изгледаше многу поинаку“ вели мајката на Анета.

Лиљана истакна дека таа и шиела гардеробата на Анета на почетокот на кариерата.

„Анета уште од малечка беше правилно воспитана и насочена кон вистинскиот пат. Главно мото во моето воспитување беше да биде добра, искрена и чесна. Да ги сака луѓето и да помага таму каде што може да помогне. Мислам дека успеав од неа да направам вистинска личност вредна за почит“ вели Лиљана.

Мајката на Анета исто така истакна дека многу му е благодарна на затот што го исполнил ветувањето од Анета да направи ѕвезда.

Анета Молика е особено ценета и очекувана во Европските и прекуокеанските земји Австралија и Амеирка, каде со задоволство ја пречекуваат, а салите каде таа настапува се преполни.

Токму нив Анета Молика им посвети и песна: