Home Вести Летово ќе можеме на одмор во соседна Бугарија, но од три работи...

Летово ќе можеме на одмор во соседна Бугарија, но од три работи ќе бидеме скратени

Забраната за влез во Бугарија денеска е укината за одредени граѓани на државите членки на ЕУ и на Шенген зоната, меѓу кои се и Сан Марино, Андора, Монако и Ватикан, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Забраната е укината за следниве категории на луѓе: медицински експерти, медицински истражувачи, персонал за испорака на лекови,персонал кој се занимава со меѓународен превоз на патници и стоки, странски функционери, лица кои патуваат во хуманитарни цели, претставници на трговски, економски и инвестициски компании, сезонски земјоделски работници, угостителски работници и пограничен персонал, јави БТА.

Четиринаесетдневниот карантин за влез во Бугарија е укинат за неколку категории државјани на Бугарија и земјите од ЕУ, вклучително и луѓе кои патуваат во хуманитарни цели и претставници на трговски, економски и инвестициски компании.

Карантинот по влегувањето во Бугарија е укинат и за членовите на семејствата на бугарските граѓани и за лицата кои се во заедница со граѓани на Бугарија, за престој во Бугарија до седум дена.

Сите други лица кои влегуваат во Бугарија подлежат на 14-дневен карантин во нивниот дом или сместувањето, кое лицето го навело.Сопствениците на сместувачките капацитети во соседна Бугарија се должни на секој турист да му обезбедат заштитна маска и заштитни ракавици.

Се советува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои може да ги заменат за вентилатори.

Храната мора да се сервира само на отворени простори – на хотелски тераси, почитувајќи ја мерката за растојание.

Мора да има растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.

Воведени се посебни барања во однос на температурата на складирање и миење на користени садови. Организирање на забавни настани за деца е дозволено само на отворено.

Спа центрите во хотелите засега се затворени. Базените ќе работат повторно со почитување на пропишаните мерки.

За разлика од нив, хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со гости сомнителни на коронавирусот. Освен тоа, треба да имаат лекар и соработник.