Home Вести Мери Јордановска: Почнавте да потфрлувате, почнавте да не лажете и мислите дека...

Мери Јордановска: Почнавте да потфрлувате, почнавте да не лажете и мислите дека тоа ви пали

Статус на новинарката Мери Јордановска:

Доведени сме во ситуација на комплетна збунетост, кога не се знае кој собира политички поени, кои новинари од кои причини се фасцинирани до даска од одредени политичари, период кога сме доведени на раб на лудило, прашувајќи сме што е праведно и исправно, од најситен детаљ „дали треба да се носи маска“, до најкрупен, „дали короната воопшто постои“.

Мене искрено ме заболе дали ќе има избори и кој ќе победи. Мене ме боли фактот што бројот на заболени не се намалува. Мене ме боли фактот што господа политичари, не соопштувате јавно кој како е заразен. Дали е ифтар? Дали се семејни собиранки?

Јас решив дека во случајов нема да работам на „дознаваме дека…“, затоа што поминав меѓународни обуки за тоа како се известува за време на пандемија, и никој не рече дека известувањето треба да е врзано кон (не) симпатиите кон министерот/министрите.

Во случаи на пандемија, особено кога потфрламе зад другите, не се работи така. Не се работи на принцип ако некој ја има симпатијата на ваша страна, па да идеме на принципот „имаме најдобар министер на свет, многу фин човек“. Човекот земете си го дома, но граѓаните заслужуваат ОДГОВОРИ. Одговори кои ние, кои треба сме лицето на јавноста, не ги добиваме.

Господа, имате одговорност да објасните на што се должи зголемениот број на заболени од Ковид-19 во државата. Имате одговорност да објасните зошто сега „ситуацијата е под контрола“, со истите бројки кога „ситуацијата водеше кон пик“, со ист број на заболени.

Имате одговорност да кажете за секое едно лице како е заразено.

Како прво, имате одговорност, како и сите останати држави во светот, да не пуштите внатре. Смр тта од короната кај нас нема ЛИК. Луѓето во Македонија се уште не знаат што значи тоа – што точно значи да си заболен од Ковид-19. Луѓето почнуваат да веруваат во нештата кога ќе ги видат, барем таков е нашиот менталитет.

Како второ, имате одговорност да образложите кој како се заразил. Трето, очекуваме санкции за секој кој не ги почитувал протоколите. Очекуваме одговори, господа. Во името на оние кои со месеци седат во карантин.

ПР-от на министерот Венко Филипче за бројот на излечени кои ни ги пласира секој ден како главна вест, а заборава да каже дека 2/3 се излечени дома, уште повеќе не омаловажува. Бројот на поч инати стана бројка како да е обичен смет, а не човечка судбина.

Можете да се подјебувате со нашата интелигенција, кај некои можеби ќе запали, ќе паѓаат у несвест, ама не, господа, мора да се научиме да ги кажуваме работите со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, или подобро кажано, СО ФАКТИ.

Се останато е играње со интелигенцијата на народот. Почнавте да потфрлувате, почнавте да не лажете. И мислите дека тоа ви пали. Искрено се надевам дека народот ќе ја согледа фарсата, од двете страни, и дека тоа ќе биде доволен знак за погрешната политика што почнавте да ја водите.

Дајте ни ги фактите, за да знаеме како понатаму.