Home Вести Македонија Моќно обраќање на опозицискиот лидер Мицкоски: Бидете спокојни (ВИДЕО)

Моќно обраќање на опозицискиот лидер Мицкоски: Бидете спокојни (ВИДЕО)

Денес во свое обраќање пред јавноста, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за иден Премиер, Христијан Мицкоски, упати неколку пораки.

-Сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача! Не само тоа, туку и сето она што пред вас беше земено како ОБВРСКА, од страна на оваа влада на СДСМ, која што е во заминување, ќе биде ИСПОЛНЕТО.

На нас ни е потребна стратегија, а не еднократни мерки.

Бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Вработените ќе ги добијат ветените покачувања, ќе се изградат автопатите, експресните патишта, земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции.

Воедно, ја повикувам Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и Антикорупциската комисија, да излезат со став за ветувањата кои никогаш нема да се исполнат, а четири пати беа изнесувани во македонската јавност, од ресорниот министер и Владата.

Почитувани граѓани, сакам да ја искористам оваа прес конференција да ви порачам, да бидете спокојни. Сè она што ви вети оваа влада, а не ви исполни, ние ќе ви го исполниме.

Бидејќи ние не сме влада која што носи еднократни мерки за поткуп, ние сме влада која има стратегија која има јасна визија.

Кога ќе заврши оваа пандемија, ние ќе го докажеме тоа, рече Мицкоски денес на прес конференција.

Бидете спокојни! Сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача! Не само тоа, туку и сето она што пред вас беше земено како ОБВРСКА, од страна на оваа влада на СДСМ, која што е во заминување, ќе биде ИСПОЛНЕТО. На нас ни е потребна стратегија, а не еднократни мерки. Бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%. Вработените ќе ги добијат ветените покачувања, ќе се изградат автопатите, експресните патишта, земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции. Воедно, ја повикувам Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и Антикорупциската комисија, да излезат со став за ветувањата кои никогаш нема да се исполнат, а четири пати беа изнесувани во македонската јавност, од ресорниот министер и Владата.

Публикувахте от Hristijan Mickoski в Събота, 23 май 2020 г.