Home Естрада Емина Јаховиќ: Ова за мене е пејачот Бр. 1 од Македонија (ВИДЕО)

Емина Јаховиќ: Ова за мене е пејачот Бр. 1 од Македонија (ВИДЕО)

Пред скоро три месеци, Емина Јаховиќ објави нова песна, „Кризирам“ која веќе брои милионски прегледи, а како што самата изјави, околу аранжманот и самиот текст и помогнал нејзиниот поранешен сопруг.

Имено, за нив двајцата веќе некое време се шушка дека се вратиле на старото, а Емина и самата во неколку наврати призна дека познатиот турски пејач и по разводот останал добар пријател со неа и дека одлично функционираат заради децата.

Но очигледно Мустафа и Емина сфатија дека им е најубаво кога се заедно, посебно откако обидот да најдат среќа со нови партнери им пропадна. И како што пренесува магазинот „Свет“, Емина се вратила во вилата на Мустафа откако на тоа ја убедил помладиот син Јавуз и сега повторно живеат како семејство..

– Бидејќи епидемијата и во Турција е во тек, Емина се обидува да не го напушта својот дом, туку времето целосно им го посветува на своите деца.

Отпрвин, Мустафа ќе дојдеше во нејзиниот стан и тие целото време ќе го поминеа заeдно, играјќи со децата, учеа, решаваа домашни задачи, а потоа Мустафа, во вечерните часови, ќе се вратеше во својот дом.

Но ова сврзување им помогна да сфатат дека сè уште се вистинско семејство и дека одлично функционираат кога се заедно.

Поранешните сопружници совршено се разбираат, а сега е јасно дека и љубовта не исчезнала и покрај тоа што и двајцата ја бараа на друга страна.

Емина сакаше сè да остане онака како што е и да не се сели никаде бидејќи само што се стабилизираше по разделбата со Садетин Саран. Таа го уреди нејзиниот нов дом и се прилагоди на новиот живот со своите деца.

Но неодамна Мустафа и предложи да се врати и да живеат заедно во неговата вила. Таа на почетокот се двоумеше, но се предомисли заради својот помлад син Јаваз, кој секогаш многу се растажува кога треба да се раздели од својот татко.

Таа ги зема со себе само своите основни работи и сега повторно живеат заедно, раскажува извор за „Свет“ кој е многу близок со пејачката.

-Овој пејач од Македонија за мене е големо изненадување, изјави Емина Јаховиќ пред некое време. Македонскиот пејач Даниел Данн, со Емина Јаховиќ го испеа нејзиниот хит „Два авиона“.

Оваа песна Емина оригинално ја пее во дует со Жељко Јоксимовиќ. Емина и Даниел се дружеа во Истанбул пред една година, а македонскиот пејач дури сега го сподели видеото на Јутјуб.

„Тој е неоткриен глас, неоткриен талент. Ова е навистина неверојатно. За мене ова е големо изненадување“, вели Емина за нашиот пејач.