Home Естрада (ВИДЕО) Цеца, имаш ли симпатија – имам. Како се зове? Немам

(ВИДЕО) Цеца, имаш ли симпатија – имам. Како се зове? Немам

Балканската фолк кралица, како што ја нарекуваат, Светлана Цеца Ражнатовиќ и поко јниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари го изговорија судбинското да, а Аркан да не настрадаше, годинава тие ќе прославеа 24 години брак.

Цеца по првпат на социјалните мрежи се присети на тој ден лани, објавувајќи нивна заедничка фотографија. Како што таа тогаш раскажа, венчавката била планирана со месеци наназад, а таа не била мирна додека не ја упатиле во секој детал од организацијата.

-Имав само 22 години, а застанував пред олтар со човекот кој го сакав најмногу на светот. Мислев дека е целиот мој свет. Се беше како бајка. Жељко водеше сметка сè да биде по план, додека јас со сестра ми се грижев околу деталите – раскажала Цеца.

Од Аркановото упокојување минаа повеќе од 20 години, а Цеца тврди дека таква љубов веќе не и се повторила.

-Таква љубов, во мојот случај, нема веќе да се случи. Жељко мене ми беше центар на светот и се на оваа планета. Секој наш момент беше полн со љубов, среќа и насмевки. Чувството дека некој те сака со сето срце е нешто што се доживува само еднаш. Не дозволуваше ништо да ми недостига. За се се договаравме и зборуваваме, открила пејачката.

Таа вели дека неговата смс рт е рана која никогаш нема да зацели.

-Жељко во моето срце има посебно место. Да бидам искрена, тоа е рана која никогаш нема да зацели и секој помен на него ми ги враќа моментите кога бевме заедно. Сега знам дека тогаш не бев свесна колку сум среќна. Солзите не можат да ми ги излечат длабоките рани на моето срце. Колку што беше голема љубовта, толку по неа остана голема тагата – искрена била Цеца.

Во овие дваесет години, медиумите се обидуваа да откријат нов човек во животот на Цеца, но не успеаја. Таа ја зачува својата приватност и во ниту еден момент не им даде шанса на медиумите да пишуваат за некој нов човек во нејзиниот живот.

Пред неколку години во Амиџи Шоу, Цеца беше испровоцирана со интересно прашање:

-Цецо, дали имаш симпатија? Таа одговори, имам!

-Како се зове? -Немам, беше одговорот на Цеца. Погледнете го ова интересно видео: