Home Живот Андреј од Малта: Не зажалив ниту момент што не се вратив во...

Андреј од Малта: Не зажалив ниту момент што не се вратив во Македонија, ќе ја направев најголемата животна грешка

Полека но сигурно, пандемијата со корона вирусот стивнува во Европа, па така и Македонија се отвори од денес. До редакцијата на Галама пристигна порака од еден наш Македонц кој работи и живее во Малта. Андреј М. замоли да ја пренесеме неговата реакција, па во продолжение може да ја проследите.

„ Се вeлев, ај да не паметувам, ама после она што го видов последните денови во Македонија срце не ме додржа, а да не напишам неколку збора, па макар за тоа и да бидам критикуван.

Како што добро знаете на Малта живеат и работата голем број Македонци кој од година во година се зголемува, а особено во сезоната. Јас на островот сум веќе трета година. Откако две години сезонски доаѓав преку лето да работам на плажа, сега веќе цела година и повеќе сум постојано.

И покрај корона пандемијата јас решив да не се враќам во Македонија иако како што знаете имаше државни чартери, ми беше понудено но по долго размислување и двоумење решив да останам и не згрешив. Ако си заминев ќе ја направев најголемата животна грешка.

Се прашувате зошто, епа сега ќе ви кажам. Иако десетина дена по појавата на пандемијата во Малта јас бев пратен на одмор и што се вели ми висеше работата, нешто во мене ми кажуваше, остани тука и се ќе биде добро.

Така и се случи, по десетина дена се вратив на работа и продолжив нормално, слободно можев да движам без рестрикции, да уживав крај море и на сонце и притоа да печалам, нешто за што сум дојден.

Сега си го враќам филмот и си велам. Не дај боже да се вратев во Македонија во старт прво ќе бев во финансиска загуба. Ќе го платев скапо летот, немаше да работам сигурно два три месеци, ќе требаше да минам затворен во оние државни карантина.

Значи и загубено време и загубени пари, загубени нерви. Па кога гледам се што се прави и на крај се олабавија мерките како ништо да не било, што да ви кажам.

И да, да не заборавам да кажам за крај за оние кои не се толку запознаени. Малта доби пофалби од СЗО за држава од ЕУ која најдобро се справува со пандемијата. Ама како да ви кажам, овде има власт, има закони, живее разбран и цивилизиран народ.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.