Home Живот Берово мој роден град – Спенџарска прекрсти нозе во густа шума и...

Берово мој роден град – Спенџарска прекрсти нозе во густа шума и полнеше ,,батерии” (ФОТО)

Познатата водителка Јелена Спенџарска е особено активна на својот Инста профил. Таа сè почесто пишува филозофски статуси кои ја тангираат смислата на живот:

Не им работете зад грб така што ќе се распрашувате за нив пред лично да ги запознаете. Не се потпирајте на тоа што другите имаат да го кажат за одредена личност. Затоа каква е, која е, што е… без разлика дали слушате најдобри или најлоши нешта.

Не заборавајте дека секој од нас, во една иста личност може да има различен впечаток. Некогаш и дијаметрално спротивен. Некој може да ја опише како најдобрата личност на планетата, а некој како лоша и дволична.

И можеш да слушаш најлоши приказни, пофалби, осуди, можеш да и пријдеш со веќе формирано мислење дека е совршена, грозна,осамена, дигната во облаци, мила, негативна за кога конечно ќе ја запознаеш твоето мислење во целост да се промени.

Ако се распрашуваш по другите луѓе и го слушаш нивното мислење за тоа каква е – подобро, не и приоѓај! Ти веќе си ја осудил/а однапред, а не си ја ни запознал/а.

Затоа, конектирајте се со луѓето со отворен ум. Без претходно формирано мислење на основа на туѓите муабети и нашите сопствени предрасуди.

Потпрете се на сопствената интуиција и енергија која ја чувствуваме кога сме со таа личност. Дајте и шанса самата да ни покаже каква е. Лично спрема ВАС. Е, тогаш – ќе знаете!”

Но исто така на своите фанови им објаснува и каде ги полни ,,батериите”. Познато е дека таа е родена Беровчанка, град кој е сместен во еден од најубавите македонски предели:

,,Поентата на животот е да дишеш…. не да се гушиш! Планината е моето бегство овие два дена и одма се чувствувам како друг човек. Терапија на духот и телото. Ми дава страшно добра енергија, мислите ми се побистри, ме потсетува колку сум посилна и ментално и физички (иако понекогаш го заборавам тоа).

Дрвјата ми даваат мир. Тие стојат најмирно меѓу сите растенија и поради тоа најдобро ја апсорбираат енергијата на земјата и универзалната сила од небото. Истото го прават и со енергијата што ја ослободуваме ние кога престојуваме во природа.

Основната илустрација за јогин е човек како медитира под дрво и тоа не е случајно. И тоа се обидов да го направам и уживав како никогаш досега.

Бескрајно сум благодарна што го имам ова богатство на располагање. Овде се полнат батерии подобро од побрзо од било кој одмор. Нека ми стојат овие слики тука, чисто како потсетник дека треба почесто да доаѓам на терапија.