Home Живот Јоци: Вчера некоја стока вмројна од Швицарска сакаше да ме ,,купи”

Јоци: Вчера некоја стока вмројна од Швицарска сакаше да ме ,,купи”

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци, почна да пишува статуси за ,,добра ноќ”. Особено интересен и е синоќешниот, во кој објаснува дека некој во инбокс и понудил да ја ,,плати”, но некако се надоврзува и на оној од завчера, па затоа ги објавуваме двата:

,,…Нема ден, а некој да не ми пушти во инбокс кој, што кажал/напишал за мене. Тоа се луѓе кои не ги познавам, не ме познаваат. Никогаш не ме сретнале, не знаат ни како изгледам, ни каков ми е гласот.

Едноставно само ме замислуваат виртуелно. Си создале слика врз база на стилот на пишување и тоа е тоа. Тука човек не може да се бори со лузери.

Јас се навикнав одамна на човечка злоба. Веќе не реагирам. Уште пред 20 години, кога почнаа да доаѓаат разни награди. Луѓето се такви, не трпат нечиј успех, вадат муабети, прават интриги, измислуваат….така им е полесно, така полесно веројатно се поднесуваат себеси и своите неуспеси. За кратко, секако. Следниот ден, наоѓаат нови и нови ,,жртви” за да се чувствуваат како ,,победници” во нивната војна со самите себеси.

И вака е две децении….стотици чекаат да паднам, да ме видат јадна, а единствено нешто кое се видело се нивните маки – кој се разболел, кој умрел, кој разрешен, депра, кој во за твор…

Ми ставале сопки на секој агол, тоа стана дури досадно едно време…поминаа години така. И, поради тоа, човек ко јас кој бил и горе и доле, не се бави со тривии одамна, напротив ваквите ми го зголемуваат интензитетот на хуморот. Сакам луѓе кои ме смеат.

Иначе се` имам чуено за мене. Дотолку да ниедна холивудска ѕвезда, ми се чини, немала волку трачеви ко ја. Ја и Заев, тие сме со илјадници трачеви на метар квадратен, ми се чини.

Можам само да им порачам на лузерите. Јас сум толку некогаш преморена од икс обврски, да сериозно немам време за несреќни луѓе. Немам време да ги прочитам сите тие глупости и моронски ствари, камоли да ги процесирам.

Легнувам и слушам музика. И одморам. И така со часови некогаш. Етерот е бесконечен. За секого има место. Па, и за идиоти без живот, без смисол, без животна страст. Добра ноќ.

Ми пишуе вчера некоја стока вмројна од Швицарска, сакал да ме ,,купи”. Го отерав у к рац. Не сум толку лоша, нит ми е битно да го објавувам кој е, со деца на родендени. Ќе треба на психијатрија да го пратам.

Потоа зема да моли за кафе. Сум му се свиѓала. Ох, мори, несреќо, ја на сите вмројни им се свиѓам. Проклети да сте. Аир да не видите.

Му реков – ,,ни во овој живот, ни во нареден кафе”. Фер? Он, а ни други вмројни, никад нема да дознаат како мирисаат ,,девојчице с оне стране улице”.

Цел живот на вмројни им помина во броење пари. Купуваат се`, и к рвици и пријатели. На тоа им е сведен живот. Така они замислуваат живот. И пак се несреќни. За греота. Добра ноќ.”