Home Живот Ленин се потсети на денот кога го прими во клубот тукушто вратениот...

Ленин се потсети на денот кога го прими во клубот тукушто вратениот од Хаг, Јохан Тарчуловски

Статус на Ленин Јовановски: ,,На вчерашен ден 26.05.2013г. професорката Татјана Алексиќ ќе забележи еден настан на Ноќни Волци и Johan Tarculovski и ќе напише :

Вечерва (26 мај 21ч) во култното кафе Ван Гог, случајно присуствувавме кога Ноќните Волци и нивниот претседател Ленин Јовановски му приредија пријателски пречек (без најава, помпи и камери) на Јохан Тарчуловски доделувајќи му го највисоко јавно признание,,Почесен член на мото клубот Ноќни волци-Македонија,,!

Јохан е првиот кој го добива овој клубски статус. Со искрени емоции тој им се заблагодари на своите долгогодишни пријатели, кои му беа и останаа и во најтешките моменти, со зборовите:

,,Ние сме вистински другари без ,,тапкање по рамо,, рамото на Ленин беше и е секогаш до мене и сега и тогаш кога другите се срамеа и се криеја од мене, тој повеќепати доаѓаше кај мене во Шевенинген давајќи ми до знаење дека ја имам неговата и вашата морална и духовна подршка,.Ленин во име на Ноќните Волци ја изрази својата безусловна пријателска подршка со зборовите:

,,Последни те пречекавме, но нашето добредојде го чувствуваш, бевме со тебе од самиот почеток на твојата голгота. Сега си наш почесен член, единствениот ,,цивил,, во НВ, но во тебе остана моторџискиот дух кој негува култ кон слободата, машкоста, чесноста и праведноста и затоа ти тука припаѓаш ,,!

На средбата беше и сопругата Sonja Tarculovska, со еден посебен шарм и сјај во очите кои раскажаа повеќе од нејзините зборови:,, Не е лесно одеднаш да се навикнеш на среќа и радост, треба да ги надокнадиме изгубените 8 години и да го фатиме семејниот ритам.

Времето без Јохан ме научи да ги разликувам вистинските луѓе, а вечерва со задоволство го славиме нашето искрено пријателство со Ленин и Ноќните Волци,,!

Ете така, спонтано, искрено, машки и моторџиски Јохан, Ленин и Ноќните волци наздравија за култот кон пријателите, а Ленин на крајот го ,,издаде,, Јохан дека научил многу вкусно да готви, на задоволство на Соња!”