Home Живот Милена Антовска: Аман ставете крај на ова самоволие – доста е, попуштивме...

Милена Антовска: Аман ставете крај на ова самоволие – доста е, попуштивме веќе психички

Денес водителката Милена Антовска, на својот профил на социјалните мрежи, помалку резигнирано се обрати преку два статуси, бидејќи, како што вели, веќе сите сме при крај со трпението:

,,Сега им се обраќам на тие што не почитуваа и се’ уште не почитуваат мерки! (не зборувам за отворањето на угостителските објекти, за тоа уште е рано да се каже).

Сакам само да знам дали еднаш помисливте како им е на оние луѓе на кои им поч инаа блиски од корона? На докторите и медицинските лица што се утепаа од работа и не си ги видеа семејството изминативе три месеци?

Дали помисливте на луѓето од аптеките, маркетите, продавниците, на таксистите и на сите кои мораа да работат секој ден? На ризчните групи граѓани за кои овој вирус е смртоносен? Еве на крај ќе помислам и на мене и моите колеги новинари…

Дали знаете како е секој ден да известуваш од терен со маски и визири затоа што тоа е единсвениот начин да работиш а да не се заразиш и после тоа три саати да не можеш нормално да дишеш??? Да не зборувам за тоа дека се плашиме да си ги гушнеме родителите затоа што се повозрасни.

Нормално дека не сте помислиле. Зошто би мислеле на сето ова кога најважно е да си испоседнете сто души без маски и да си дишете и зборите у врат. Нели? И не ни е крив никој од власта, сами сме си криви.

Со свој камен по глава. Вина наоѓам само кај институциите кои не ги каз нуваат ваквите непочитувачи на мерки.58 нови случаи???

Не знам дали е можно и дали смее да се затворат тие општини каде што има најмногу заразени, ама ако може ве молам направете го тоа.

Кој сака нека се лути и нека се најде навреден, ама ова веќе не е фер. Не е фер за сите сограѓани кои три месеци се совесни и ги почитуваат сите мерки вклучувајќи ме и мене и моите блиски.

Значи како некој може да биде нормален и да почитува се’ а некој да се прави дека е семоќен и да загрозува човечки животи. Ги знаете кои се? Кажете им нешто, не знам направете било што.

Попуштивме веќе психички, со последни резерви на трпение сме. Аман ставете крај на ова самоволие. Доста е!!!”