Home Живот Влезот ќе биде без тест и без карантин – особено ќе се...

Влезот ќе биде без тест и без карантин – особено ќе се израдуваат оние кои имаат приколки во Грција

Во Црна Гора од 1 јуни, во Грција од 15ти. Македонските туристи сепак ќе можат да патуваат и да уживаат на црногорските и грчките плажи.

Земјава е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од грчкото министерството за туризам.

За влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор. Епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани.

Црногорските власти, пак, го ажурираа списокот за дозвола за влез на македонски државјани без самоизолација и карантин. Критериумот за отворање на границите е државата да има помалку од 25 активни случаи на Ковид- 19 на 100.000 жители и се проценува дека земјава е блиску до овој критериум.

Др. Сенад Бегиќ, заменик-директорот на црногорскиот Институтот за јавно здравје, кој вечерва ќе гостува во „Само вистина“ на Канал 5 вели дека туристите и патниците од Македонија се добре дојдени во Црна Гора, а тоа го покажува и моменталната епидемиолошка ситуација.

,, Тестирање нема, карантин нема, нема ограничување на правото на движење , моментално работиме на автоматски систем што ќе ни послужи на туристите и гостите да им овозможиме автоматско пријавување на симтоми, знаци, инфекции на корона вирусот, од проста причина за на епидемиолозите од здравствено – санитарната инспекција да им овозможиме да реагираат на време, изјави др. Бегиќ.

Последна вест од соседна Бугарија е дека се укинува задолжителниот карантин за државјаните од соседните земји. Бугарскиот оперативен штаб предложи укинување на 14-дневниот карантин за бугарските и странските државјани од ЕУ, како и за граѓаните од Македонија и од Србија при влезот во Бугарија.

Задолжителниоткарантин ќе остане само за граѓаните на осум држави, кои имаат голем број инфицирани лица со Ковид-19 во последните две недели.

Отворање на границите и слободно движење без тестови од 1 јуни најавија и Албанија и Србија.. Засега, рампата за влез на македонски туристи ќе остане спуштена само во Хрватска, но тоа може да се промени доколку се подобри епидемиолошката состојба во земјава.

Кога, пак, Македонија ќе ги отвори за границите се уште останува непознато. Министерот Филипче денеска повтори дека одлуката ќе се носи на почетокот од следната недела.

Грчките плажи сепак ќе станат достапни за македонските државјани .Властите во Атина одлучија без задолжителни тестови или карантин да дозволат влез за Македонците веќе од 15-ти јуни.