Home Вести Баба Славка за 3 часа работа заработува 1300 денари: Излегувам на работа...

Баба Славка за 3 часа работа заработува 1300 денари: Излегувам на работа само после дожд, бизнисот е одличен

Честите пролетни дождови овие денови ги нервираат сите кои после долгата изолација помината во карантин поради корона вирусот сакаат да прошетата и да поминат период во природа. Меѓутоа има и луѓе кои на дождот и тоа како се радуваат.

Тоа се собирачите на полжави кои користата шанса да заработат токму кога ќе падне дожд. Рано наутро или во текот на денот кога дождот ќе запре, тие тргнуваат во „берба“ и за неколку часа „шетање“ по поле или шума и полесно од берба на јагоди или цреши заработуваат околу 20 евра ( околу 1300 денари во наши пари).

Со овој сезонски бизнис најмногу се занимаваат невработените, но и они кои со излегување во природа во слободно време и притоа сакаат да заработат нешто екстра.

„Јас одам во „берба“ во близина на населбата каде што живеам и знам каде да ги барам, па не шетам многу и не губам време. Полжави навистина има многу, а за два три часа поже да се соберат и 50 килограми. Некогаш цело семејство одиме, а јас не пропуштам да излезам секогаш кога ќе заврне дожд“, изјави Славка Петровиќ и додаде:

„Како да одам да се прошетам или утринска гимнастика, а дома се враќам со по некоја црвена и кеси.

На работа оди со стап во рака со кој ја расчистува високата трава при барање на полжавите, а на себе има и чизми и кабаница. Оди низ поле, ивиците на шумите, низ ливадите и канали за наводнување каде што има најмногу полжави.

Од „берба“ откако ќе се врати со полни ќеси и канти одма се упатува на откупни места за да ги продаде.

„За неколку часа полжавите започнуваат да пуштат вода и доста губат од тежината, па најмногу се исплаќа кога веднаш ќе ги продаде. Плаќањето е во кеш, на вага а цената може да биде и малку поголем. Моментално килограм е 50 динари (26 денари), а може да достигне и до 70 динари (36 денари), вели Славка.

Од април до средината на јуни во Мачва и Поцерини се собираат повеќе од десетина дони полжави. Наводно целата откупена количина се продава во Европската унија, најмногу во Италија како и во државите во регионот каде што како специјалитет завршуваат во чинија, припремени на најразлични начини во ексклузивни ресторани.

Во Србија, за разлика од државите во Европската унија не е забранет ловот на полжави во природа, но на одредени подрачја од оваа година не е дозволено.

Извор: Телеграф