Home Вести Докторoт Каревски: ГОБ „8-ми Септември“ нуди викенд за двајца тотално бесплатно

Докторoт Каревски: ГОБ „8-ми Септември“ нуди викенд за двајца тотално бесплатно

Со најцтешка клиничка слика во последните два-три дена доаѓаат заразени пациенти со корона вирусот во Градската општа болница „8 Септември“.

Директорот, д-р. Христијан Костов за Фактор потврди дека новите пациенти кои ги хоспитализираат, за 24 часа завршуваат на респиратор.

– Има наплив на новозаразени во ГОБ „8 Септември“, односно во тријажниот центар на болницата. Ситуацијата е навистина тешка, особено поради фактот што во последните два-три дена тука се хоспитализираат 6 до 8 позитивни на Ковид-19.

Загрижува фактот што за болените само по 24 часа мора да бидат ставени на респиратор, бидејќи многу брзо развиваат тромбемболија, а од тоа тешко некој може да се спаси, вели д-р. Костов за Фактор.

Појаснува дека во моментов има 8 пациенти кои се на респиратор и дека остануваат слободни уште 15 респираторни апарати, нагласувајќи дека оваа болест е голема енигма и дека постојано се менуваат лекарствата и терапиите.

Докторот Алекандар Каревски вработен во ГОБ „8-ми Септември“ се огласи на фејсбук каде што сподели статус во кој вели:

НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА!!!

ГОБ 8ми Септември нуди викенд за двајца тотално бесплатно. Се што треба да направите е да не верувате дека COVID-19 постои и да дојдете во тријажниот центар и на глас 3 пати да кажете короната е мр тва.

Викендот вклучува:

1. Бесплатен престој во еден од апартманите во COVID-19 центарот

2. Обука од нашите болничари, сестри и лекари како се облекува заштитна облека, како се прави нега на болен и како да издржите смена од 24 часа исто така без надомест

3. Доколку сте убедени дека ова е предизвикано од 5Г можете да добиете и еден од апартманите на 8ми спрат со неверојатен поглед на Скопје.

4. Доколку е успешен викендот понудата за отприлика 2 недели се пренесува на вашите најблиски и останати луѓе со кои сте биле во непосреден контакт

ПОБРЗАЈТЕ И ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПОНУДАТА БРОЈОТ НА МЕСТА НА РЕСПИРАТОРИ Е ОГРАНИЧЕН