Home Живот Илина Арсова: Врската со Игор ме направи популарна – јас пак планини...

Илина Арсова: Врската со Игор ме направи популарна – јас пак планини искачував

Илина Арсова ги искачи сите највисоки врвови на седум континенти, деновиве се најде во врвот на јавниот интерес, исто како и при секој новоосвоен планински врв во годиниве зад нас. Исто, ама малку поинаку.

Заедничките фотографии на најуспешната алпинистка, сликарка и еко-активистка со нашиот најголемиот шоумен, актер и музичар Игор Џамбазов, снимени деновиве крај Дојранското Езеро, кренаа планина од љубопитство, висока колку Монт Еверест, околу нивната релација. Вљубени ли се?

– Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови, доведувајќи се себеси во високоризични ситуации со кои многукратно сум си го загрозила животот и здравјето.

Толку не ме пишувало по весници дури и кога станав прва дама од нашата земја што стапна на врвот на светот пред 7 години. Се надевам разбирате дека се шегувам, планините се моја страст и пасија кои некако имаа приоритет во мојот живот – вели Илина, оправдано критикувајќи го општото љубопитство.

Мај беше и пред седум години, кога Илина стана првата Македонка што го освои највисокиот врв на светот Монт Еверест (8848 м.) во циклусот искачувања на седумте највисоки светски врвови. Дали овој мај од дома, среде полукарантинските околности, го освојуваше најосамениот врв меѓу слободните мажи на јавната сцена – Игор Џамбазов?

– Тектонските движења околу Дојранското езеро приближија два осамени врвови кои се сплотија во планински венец, со што станаа посилни, посреќни и помалку осамени – одговара Илина.

Чепкањето по туѓите животие крајно индискретно, но нивните заеднички непретенциозни фотографии од Дојран со очигледен фин флуид меѓу Игор, кој не е поврзуван со ниедна жена по неговиот развод, и Илина, која веќе цела деценија е посветена на светските планини, некако логично предизвика љубопитство.

-Моите социјални мрежи секогаш биле отворени и транспарентно го прикажувале мојот креативен, професионален, па и приватен живот. Тоа е одраз на мојата личност, без многу тајни.

Немало што да кријам, бидејќи освен повремено прекршување на 7-мата Божја заповед (Не прави прељуба, з.н.), други гревови речиси и да немало или барем јас така чувствувам. Фотографиите кои очигледно побудија толкав интерес во јавноста се најчесто фотографирани околу 5,30 часот наутро, додека уживаме во зраците на изгрејсонцето, без шминки и фотошоп, со бушави коси, но со искрена насмевка и сјај во очите.

Му посакувам секому толку пријатно и возвишено да се чувствува, дури и во својата навидум неугледна надворешност.

Илина е најпозната по нејзините респектирачки алпинистички зафати, кои влијаат и врз нејзината сликарска дејност.

– Дипломирав на ФЛУ во 2005 г. и ликовната уметност е моја првична професија. Имам реализирано петнаесетина самостојни и уште многу групни изложби ширум светот: во САД, Канада, Еквадор (Ј. Америка), Сао Томе и Принцип (Африка), Малезија, Турција, Кина, Шведска, Германија и уште многу низ нашите краишта.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин