Home Вести Македонија Јоци: Ми пиша жена во порака и ми се претстави дека е...

Јоци: Ми пиша жена во порака и ми се претстави дека е жена на Чулев

Јорданка Ивановска Јоци: ЖЕНА КОЈА ВЕЛИ Е СОПРУГАТА НА ЧУЛЕВ ИМА НА КОГО ДА ПИШУВА – НА МЕНЕ

,,А, како јас да сфатам што една жена, Јасминка, која се претстави како чулева сопруга и ми даде куп детали од приватен живот, ми пишуваше во инбокс дека сум го напаѓала нејзиниот сопруг?

Како за кана, предупредување, притисоци…. како Наќо Чулев, јас, да сфатам дали вие фамилијарно и партиски сте се опседнале со мене и сметате дека можете во било кое време да ми кажувате семејно што може, а што не да пишам? Па, и твоите вмровци се` и сешто да лажат за мене?

Да објавам се` јавно, до најмал детал, па да утврдиме дали жената која ми вршеше притисок е сопругата ти?

Дали јас сум безбедна да се движам по улица, откако добив писмо од Јасминка Чулева? Или безбеден е само твојот шеф, Мицкоски?

Каде јас, сето ова, да го пријавам, вмровецу? Што ми се меша во моите јавни писанија околу тебе?

Нормално ти е тебе, таа извесна Јасминка Чулева, која вели е сопруга на министер за внатрешни работи, кој притоа располага со цела полиција и секакви репресивни методи, да пишува писма со непристоен тон на јавни личности, кои, 10 години кројат јавно мислење, а сега те те критикуваат тебе и твојот вмровски шеф? Секако дека не е нормално.

Јас имам докази за моите тврдења. Имам и докази за за кани од вмровци, јавни, од твое блиско опкружување, со ИП адреси. Плус разни ,,поздрави” од членови од блиско опкружување на Мицкоски во изминати 6 месеци.

Да ги објавам сите, заедно со притисокот од таа жена која вели ти е сопруга, од пред еден месец?

Твојот доказ каде е, ти што си – барбика или министер?За што потроши 2 милиони евра во рок од три месеци, ти падна и хеликоптер и сега ќе ми глумиш жртва некој? Ти што не мислиш, глупави!?

Не ти е срам да квичиш без материјални докази, да заблудуваш јавност во партиски цели, на ваква функција, со цела моќ на МВР сконцентрирана во твои раце, док ја сум изложена на куп вмровски притисоци и закани, имам и пријавено. И купишта други луѓе.

И, до каде сте вмровци со заканите, навредите, шиканирањата, лагите, кон мене? Чулев, кажувај. Да објавуваме се`? Преку глава ми дојдовте – и ти и тој твој Мицкоски, кој, мисли се` му е дозволено.

Јас не гледам друг начин, тебе ништо не ти верувам, освен да ја запознаам јавноста со се`. Со се` што ми пристигнало од вмровци, сите вмровски притисоци и зак ани. Па, јавноста сама нека процени колку е часот.

Имам уште на темава. Да опишам јавно како се чувствувам по писмото на таа која вели ти е жена, а која има податоци на профил каде сте се шетале, која тврдеше ми пишувала – пријателски.

А, што има пријателско во жена на некој кој е на чело на МВР!? Жените на Спасовски и Заев никогаш, ништо, не ми пишале. А, сум ги правела ремпере. Јасно, рагаци?”