Home Вести Македонија Нови 5 упокоени во изминатото деноноќие – повторно прогласена вонредна состојба

Нови 5 упокоени во изминатото деноноќие – повторно прогласена вонредна состојба

Стево Пендаровски, Претседателот на нашата држава, по четврти пат донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земвава за нови 14 дена поради здравствената криза со коронавирусот.

По завршувањето на денешната седма седница на Советот за безбедност во претседателската „Вила Водно“, Пендаровски изјави дека на средбата се дискутирало за мерките и активностите во изминатите 14 дена за време на траењето на вонредната состојбата, но и за активностоте на Владата и на другите надлежни органи.

„Имајќи го ве предвид последниот развој на настаните и зголемениот број на заразени и починати лица во текот на денешниот ден, ќе донесам одлука за прогласување на нови 14 дена вонредна состојба која ќе започне да тече од утре“, изјави Пендаровски.

Претходната двонеделна вонредна состојба Пендаровски ја прогласи на 15 мај.

Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 22, Куманово 4, Штип 1, Тетово 6, Струга 1, Гостивар 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч ина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ поч ина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде поч инало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти и тоа во Скопје 8, Куманово 3, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Битола 2, Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на поч инати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.