Home Вести Македонија Отец Бобан Митевски: Ако го видите новинарот Боби Христов, кажете му го...

Отец Бобан Митевски: Ако го видите новинарот Боби Христов, кажете му го ова

Презвитерот Бобан Митевски на својот профил на социјалните мрежи, му постави неколку прашања на новинарот Боби Христов:

,,Го читам новинарот Bobi Hristov ќе поднесувал приватна тужба за Литијата во Струга? Зошто – не кажува… Најверојатно смета дека најновите случувања со вирусот, зголемувањето на бројот на пациенти, се поврзани со Литијата…

Ако го сретнете, кажете му: Дека Литијата беше на 7 мај, пред 22 дена !!! Дека во Струга и околината, оттогаш немаше значително зголемување на новозаболени (во моментот се 9, да се живи и здрави).

Дека тужбата треба можеби да си ја упати на друга адреса, можеби кон нешто посвежо, ама очигледно нема храброст. Дека како јавна личност премногу е очигледен во антиправославните ставови.

Не дека нема право, “се ние дозволено”, вели Светото Писмо, ама и додава “дека не ни е се од полза”. Но како јавна личност има одговорност за тоа дали со својот јавно изнесен став “мотивира” омраза, нечија некаква акција против итн.

Дека новинарската професионалност за него е само термин. Нека е жив и здрав.”

На ова, во коментар му одговори Боби Христов:

,,Штом ме читате Презвитере, значи дека сум Ви дал прво да читате на мојот профил, па нема потреба други да ми пренесуваат, Јас Ве прочитав, јас че Ви одговорам – со ред, едно по едно, ама малку од обратен редослед.

Со задоволство ќе ви одговорам. Ама не по редот како Вие што сте ги поставиле прашањата.

Да сте живи и здрави презвитере – за мојата професионалност ич гајле да немате. Мирно да си спиете. Чунки многу поголеми грижи Презвитере имате од тоа да се думате за мојата професионалност.

Ќе Ви одговорам на се (ова големи В е од добро воспитание, а не од почит кон мантијата, одма да се разбереме). Па затоа веднаш ќе продолжам со одговор на Вашите обвинувања за антихристијанство.

Нит Ви е прв пат Презвитере, ниту, се чини, ќе Ви биде последен, да си давате за право да судите и просудувате. Христијански, милосрдно – нема што! Но не е ни чуди од Вас. Реков, не Ви е прв пат. А и нејасно е Презвитере во чие име говорите?

Во свое Презвитере или како секретар на скопската Епархија која милиони во имот знаен и незнен има, а од кој верниците никакво фајде немаат !?

ВО свое име презвитере или во име на МОЦ чиј порпарол појма нема “колку шари од кирии на имот се собираат“ дури солзи лее дека црковние каси празни ќе останат оти верниците нем свеќи да купуваат и Црквата да ја даруваат!?

Мантијата Презвитере, од овие одговори не Ве заштитува. Световни проповеди и беседи по Фејсбук, дур во земки благодети уживате, едно со друго Презвитере не одат. Ил сте богољубци, ил сте париљупци.

Кога ќе си расчистете што сте , тогаш Презвитере судете и за чеда хрстови, и за антихрсти. И за Божје слово не говорете. Оти се што сте напишале- далеку е од Словото Божје !!! тинољубци!?”