Home Вести Шекеринска се огласи по фамозните фотографии: Дејствијата од 2001 се далеку зад...

Шекеринска се огласи по фамозните фотографии: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас

Министерката за одбрана и вицепремиерка на нашата држава, Радмила Шекеринска во текот на вчерашниот ден и утрово е доста коментирана на социјалните мрежи.

Причината се фотографиите од посетата на Кичево, поточно од кабинетот на тамошниот градоначалник Фатмир Дехари. Она што на сите влегува во очи се симболите на поранешна УЧК, што беше причина за бројни реакции.

Само да знаете, после сликава вчера мирно спиела и се смеела на вашиот револт, коментира порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за фотографијата на која министерката за обрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска позира пред амблемите на УЧК и албанското знаме.

Ова не е жена со совест, најмалку со почит кон Република Македонија и патриотите што живот дале. Ама ќе биде добро после избори! Ќе победиме! Ова само нека ве потсетува до избори на што се спремни! Да живее Република Македонија, порача Арсовски.

Со реакција се јави и поранешниот генерал Стојанче Ангелов, а сега лидер на „Достоинство“ кој напиша:

Неколку години зборувам за сеопшто помирување. За жал овој процес, намерно или ненамерно, постојано е миниран од неколку неодговорни поединци.

Јас навистина не ја разбирам и воедно ја осудувам потребата од целиот тој фолклорен УЧК патриотизам во официјалната канцеларија на градоначалникот на општина Кичево… Целиот текст утре.

Не остана ништо од Македонија, коментира актерот Сашо Тасевски разочаран од фотографијата на која министерката за одбрана Радмила Шекеринска позира пред амблемите на УЧК.

Македонците станаа балкански Курди. Народ без држава Ова треба да е министер за одбрана, а не МИНИСТЕР ЗА РЕЗИЛ.
Едно општество за сите, ама без Македонците. Таков е кошмарот наречен Северна Македонија, порача Тасевски.

Со своја реакција попладнево се огласи и Радмила Шекеринска кој по пат на својот профил на фејсбук напиша статус во кој што таа вели:

Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.

Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер.