Home Живот Спенџарска: Не им работете зад грб така што ќе се распрашувате за...

Спенџарска: Не им работете зад грб така што ќе се распрашувате за нив пред лично да ги запознаете

Познатата водителка Јелена Спенџарска, која важи за една од најубавите ТВ лица во Македонија, повторно се огласи на Инстаграм каде со своја фотографија упати и силна порака во која што вели:

Приоѓајте им на луѓето со отворен ум. СЕКОГАШ.

Не им работете зад грб така што ќе се распрашувате за нив пред лично да ги запознаете. Не се потпирајте на тоа што другите имаат да го кажат за одредена личност. Затоа каква е, која е, што е… без разлика дали слушате најдобри или најлоши нешта.

Не заборавајте дека секој од нас, во една иста личност може да има различен впечаток. Некогаш и дијаметрално спротивен.

Некој може да ја опише како најдобрата личност на планетата, а некој како лоша и дволична.

И можеш да слушаш најлоши приказни, пофалби, осуди, можеш да и пријдеш со веќе формирано мислење дека е совршена, грозна,осамена, дигната во облаци, мила, негативна за кога конечно ќе ја запознаеш твоето мислење во целост да се промени.

Ако се распрашуваш по другите луѓе и го слушаш нивното мислење за тоа каква е – подобро, не и приоѓај! Ти веќе си ја осудил/а однапред, а не си ја ни запознал/а.

Затоа, конектирајте се со луѓето со отворен ум. Без претходно формирано мислење на основа на туѓите муабети и нашите сопствени предрасуди.

Потпрете се на сопствената интуиција и енергија која ја чувствуваме кога сме со таа личност. Дајте и шанса самата да ни покаже каква е. Лично спрема ВАС. Е, тогаш – ќе знаете !