Home Живот Светската музичка ѕвезда за своите родители од Македонија: Мајка ми и татко...

Светската музичка ѕвезда за своите родители од Македонија: Мајка ми и татко ми имаа Корона, а јас бев беспомошна

Една од најпознатите светски пејачката и текстописец Бебе Реџа повторно е во центарот на вниманието на медиумите, а причините не се така убави.

Како што е познато светски познатата ѕвезда е родена во Њујорк, а нејзините родители се од Македонија, поточно од Дебар од каде што емигрирале во САД во текот на 80-тите години од минатиот век. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Неодамна привлече особено внимание на нејзниот профил на Инстаграм е фотографијата на која Бебе покажува тегла на која јасно пишува дека е македонски ајвар.

Беба Реџа неодаман отрки дека нејзините родители се заразиле со ковид 19, но дека во меѓувреме оздравеле и дека сега се добри и двајцата.

Оваа 30-годишна пејачка вели дека била исплашена за нив, а уште полошо и било затоа што не можела да им помогне, оти живеат на различни делови од Америка.

„Моите родители се разболеа и јас не можев да направам ништо за да им помогнам или да им ја олеснам болеста. Три недели се бореа со короната. На моменти беше многу лошо. Се чувствував беспомошно.

Јас живеам во Лос Анџелес, тие се во Њујорк, но во еден момент си реков дека ќе седнам во автомобилот и ќе возам
преку цела Америка за да стигнам во Њујорк и да се грижам за нив.  Но, тие ме убедија да не доаѓам. Не му дозволуваа ни на брат ми да отиде за да не се разболи и тој“, рекла таа.

Пејачката овие денови ги опишува како најстрашните во нејзиниот живот, вели, никогаш претходно не ѝ било толку страв за ништо.

„Познавав човек што по чина од корона на 45 години. Затоа и не можев да спијам мирно долго време. Но, среќна сум што ситуацијата во Њујорк се подобрува и што се гледа излез од ситуацијата на Источниот брег”, додала таа.