Home Живот Татјана Стојановска: Неодењето во верски објект не ме прави помалку чесен човек

Татјана Стојановска: Неодењето во верски објект не ме прави помалку чесен човек

Познатата новинарка Милена Антовска Станковска како што е познато во текот на вчерашниот ден на својот профил напиша статус во кој што таа вели:

Сега им се обраќам на тие што не почитуваа и се’ уште не почитуваат мерки! ( не зборувам за отворањето на угостителските објекти, за тоа уште е рано да се каже)

Сакам само да знам дали еднаш помисливте како им е на оние луѓе на кои им поч инаа блиски од корона? На докторите и медицинските лица што се утепаа од работа и не си ги видеа семејството изминативе три месеци?

Дали помисливте на луѓето од аптеките, маркетите, продавниците, на таксистите и на сите кои мораа да работат секој ден? На ризчните групи граѓани за кои овој вирус е см ртоносен?

Еве на крај ќе помислам и на мене и моите колеги новинари…Дали знаете како е секој ден да известуваш од терен со маски и визири затоа што тоа е единсвениот начин да работиш а да не се заразиш и после тоа три саати да не можеш нормално да дишеш???

Да не зборувам за тоа дека се плашиме да си ги гушнеме родителите затоа што се повозрасни.

Нормално дека не сте помислиле. Зошто би мислеле на сето ова кога најважно е да си испоседнете сто души без маски и да си дишете и зборите у врат. Нели?

И не ни е крив никој од власта, сами сме си криви. Со свој камен по глава. Вина наоѓам само кај институциите кои не ги казнуваат ваквите непочитувачи на мерки

На овој пост, во коментар се огласи нејзината колешка, Татјана Стојановска која во коментар напиша:

Не сум некој фанатичен верник, и можеби не можам да ги разберам оние на кои религијата и обредите им се пред здравјето и животот. Но во вакви услови нема никакви оправдувања за прекршување на мерките заради традиција и верски обреди…

На ова Милена и реплицираше со: Татјана Стојановска верата си ја носиш во себе. Мора трезвено и реално да се согледаат работите. Не сме сами на светов, мора и на другите да се мисли.

Дискусијата продолжи со нова реплика од страна на Татјана Стојановска која во продолжение напиша: Јас веќе одамна го имам тој концепт во поглед на верата. Правењето добри дела и имањето праведни и чисти мисли се мојата определба. Неодењето во верски објект не ме прави помалку чесен човек.