Home Вести Најчевска: Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел

Најчевска: Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел

Професорката Мирјана Најчевска утрово повторно се огласи на социјалните мрежи каде што преку својот профил на Фејсбук напишиа статус.

Најчевска стави акцент на довербата, односно на недовербата што овој народ ја има во оваа власт и притоа потенцираше на што го темели сето тоа. Во продолжени може во целост да го проседите нејзиниот статус:


Луѓето немаат доверба во власта. Луѓето кои не веруваат во институциите нема да спроведуваат ниту една мерка која доаѓа од тие институции. И да ви кажам право не знам зошто би им верувале.

Како може да имаат доверба во тие кои управуваат со државата кога знаат како дошле на тие позиции. Гласале затоа што им се заканиле, ги поткупиле, воопшто не гласале ама кутиите биле полни, …

Како да има доверба во институција која ја раководи неговиот соученик од основно кој со крајни напори научил да множи и дели.

Зошто да верува во службеник за кој знае дека се запослил на место за кое нема ни знаења ни вештини ни искуство. Зошто да почитува полицаец кој до вчера со него крадел.

Како да верува во премиер кој се окружил со кафански певаљки, хоштаплери и јагуриди. Што да очекува од судија кој ја купил дипломата.

И граѓаните нема да имаат доверба и ниту една мерка нема да успее се додека не го промениме системот и на управувачките позиции дојдат луѓе кои знаат и умеат и имаат искуство. И кои нема да ти ги запослат синот или жената, ама ќе создадат институции кои функционираат.