Home Живот (ВИДЕО) Далибор од Делчево моли за помош: Без лифт живее на деветти...

(ВИДЕО) Далибор од Делчево моли за помош: Без лифт живее на деветти кат а е во инвалидска количка

Цела година Далибор Станковси од Делчево има големи проблеми. Живее на 9-ти кат а лифтот таму долго не работи. Поради ова Далибор е принуден на карантин најдолго од сите.

Секое негово симнување и качување од станот до надвор и назад е невозможно без туѓа помош.

„Јас сега треба да викнам еден дечко за да ја спуштиме надолу количката со мене. А потоа кога ќе се вратам ќе треба тројца да ме внесат дома“ вели Далибор, на што се надоврза неговата мајка.

„Тешко е многу, сите бегаат од него“.

За маките на Далибор сведочат сите соседи, но помалку или повеќе проблемот со расипаниот лифт ги засега и нив.

Далибор дури чека да дојде некој и да го поправи лифтот, му се насобрале дополнителни проблеми, апелите и интервенциите за поправка на лифтот биле секојдневни.

„Му рековме вчера да се јави Славчо. Има едно дугме заглавено, да си го одглави дугмето и ќе работи лифтот“, вели сервисерот, на што доби потпрашење во кое се вели дека проблемот бил поголем, а не само за копчето.

Нема што дечко, од понеделник ќе дојдеме. Понеделник или вторник ќе бидат луѓето таму.

Освен ова, дефектниот лифт на Далибор му донесе уште поголеми проблеми бидејќи тој се подготвува за нова операција. По истата со лифтот во дефект е невозможно да се врати дома на закрепнување. Дали конечно одговорните ќе сфатат за колкав голем проблем станува збор е неизвесно.

Далибор време и можности за чекање нема, па апелите се јасни што побргу да се отстрани овој проблем, за барем малку да му се олесни животот.

Извор: Тв Стар.