Home Живот Несторовиќ: Нема да има никаков втор бран – епидемијата завршува околу 6-ти...

Несторовиќ: Нема да има никаков втор бран – епидемијата завршува околу 6-ти јуни

Еден од најпопуларните српски доктори, пулмологот Бранимир Несторовиќ, пред неколку денови во гостување на српска телевизија, ги изнесе своите последни сознанија околу корона вирусот.

-Јас сум речиси сигурен дека имав корона вирус на самиот почеток, бидејќи два дена имав температура и пролив, изгледаше како тоа да е тоа. Не бев во самоизолација бидејќи не беше момент за тоа и мораше да се работи. Но, брзо ми помина, не заразив никого, бидејќи бев социјално одговорен, вели д-р Несторовиќ во емисијата.

-Во еден момент навистина помислив дека е можно да сум се заразил, но ги немав тие тегоби. Можев да јадам свинско, не ми се изгуби чувството за мирис, што е прв симптом на корона вирусот. Ние тогаш имавме бројни состаноци во владата, каде се среќавав со разни луѓе.

Седум или осум од нив се заразија, дури и готвачката на кафе. Во тоа време мене ме фати некој страв, па веднаш отидов дома. За да ги заштитам домашните заминав од станот и отидов во Обреновац. Три дена лежев, два дена имав температура, а го направив и оној брз тест, кој беше негативен. Веќе следниот ден бев на нозе”, вели Несторовиќ, кој имал тегоби кон крајот на февруари.

Тој тврди и дека вирусот во Србија циркулирал многу пред првооткриениот пациент.

-Ако е сега потврдено дека коронавирусот во Италија бил присутен уште од 27-ми декември, значи веднаш по католички Божиќ, кога многу наши луѓе доаѓаат во Србија за празниците, нема шанса веќе од јануари вирусот да не циркулирал и во нашата земја.

Несторовиќ деновиве се соочува со одземање на докторката лиценца. На прашањето од новинарот зошто е ова покренато и како ќе се брани пред лекарската комисија, Несторовиќ вели:

-Видете, јас немам никаква намера да се бранам. Јас немам намера ниту да се појавам таму, пред таа комисија. Јас навистина не знам каде е мојата грешка? Дали јас згрешив што точно предвидов како ќе тече целата крииза?

Ајде да одиме на посериозни теми, рече д-р Несторовиќ. Јас на почетокот од месец март, кажав дека вирусот ќе трае околу три месеци. Тоа беше шести март, значи пандемијата би требало да заврши околу 6. јуни.

Вирулетноста на овој вирус е толку опадната, што јас се плашам дека фармацевтските куќи нема да можат ниту да ја испитуваат потенцијалната вакцина, бидејќи вирусот ќе го нема.

Ако на почеток од кризата се велеше дека за 80 проценти корона ќе биде со скоро никакви симптоми, дваесет ќе имаат симптоми, а 5 проценти ќе бидат критични, во овој момент дури за 98 проценти од заразените, вирусот не претставува никаков проблем. Само два проценти се тешки случаи, кои во последните две недели, речиси и да ги нема во Србија.

Така да, верувајте, нема да има никаков втор бран. Епидемиолозите се доктори кои малку повеќе веруваат на бројките и тоа е во ред. Но ние клиничарите имаме поголемо искуство.

На почетокот од оваа криза, јас го зедов учебникот по епидемиологија и го прочитав. Во таа книга пишува дека, доколку се појави втор бран од некој вирус, по неколку месеци, тој е извонредно слаб и не може да има пандемиски размери во никој случај. Така да не знам од каде им се тие претпоставки, рече д-р Несторовиќ.

Интервјуто со српскиот лекар Проф. д-р Бранимир Несторовиќ, можете да го погледнете на следниов линк.