Home Вести Македонија Се огласи и новинарката Душица Мрѓа: Немам направено сеуште – тест ќе...

Се огласи и новинарката Душица Мрѓа: Немам направено сеуште – тест ќе правам идната недела за да биде реален

По денешната објава на пратеникот Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека Зекири во четвртокот беше гостин во Отвореното студио, на дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Дебатата ја водеше колешката Душица Мрѓа. Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.

Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик. Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.

На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување.

Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија.

На својот профил на социјалните мрежи, се огласи и новинарката Душица Мрѓа:

,,Јас се чувствувам добро,немам никакви синтоми. По препорака на епидемиолозите сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена.

Првиот тест кој би покажал сериозни резултати, без да се постои сомнежот за лажно негативен,по епидемолошката препорака, ке го правам кон средината на неделава.

При дебатата,пред неа и после неа, како и впрочем во цел период на функионирање во корона -криза,апсолиќутно беа испочитувани сите протоколи,дезинфекција,како и физичка дистанца.

Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата,ми значи многу,во ова време-невреме. Бидете живи и здрави!

На душегрижниците им посакувам добро здравје, за да можат да се позанимаваат со сопствениот плевел, во кој ако продолжат вака, ќе се “удават” самите.”