Home Вести Вечерва пристигна неповолна вест за Македонците: Повторно не може да патуваме во...

Вечерва пристигна неповолна вест за Македонците: Повторно не може да патуваме во Црна Гора

Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.

– Владата даде насокки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето на отварањето на границите заедно и во соработка со Министерството за надворешни работи за да искоординираме и со соседните држави и со државите од регионот и пошироко. На основа на тоа ќе ги носиме и одлуките.

Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ја разгледува можноста за отварање на границите.

Пред два дена беше соопштено дека од 1 јуни Црна Гора ќе ги отвори границите за влез на странците од 26 земји на Европската унија и регионот без карантин и изолација, јавила известувачот на „Ал Џезира“ од Подгорица, Милица Мариновиќ.

„Критериумот е помалку од 25 активни случаи на Ковид- 19 на 100.000 жители“, изјавила Мариновиќ.

„Меѓу државите во регионот, на граѓаните на Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Словенија ќе им биде дозволено да влезат во Црна Гора. Националното тело за координација ја донесе оваа одлука по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора“.

Црногорската граница сè уште нема да биде отворена за граѓаните на Србија, одлука која веќе неколку дена предизвикува остри реакции од официјален Белград.

Вечерва од Црногорскиот Институт за јавно здравјего ажурираше списокот на земји со активна стапка на случаи на ковид-19 на помалку од 25 заразени на 100.000 жители, под што се подразбира влез во Црна Гора без карантин, соопшти црногорската влада.

На списокот веќе не се наоѓаат Македонија и Ирска, во кои, по потврдени случаи денес, стапката се зголеми, објави на „Фејсбук“ Владата на Црна Гора.