Home Живот (ВИДЕО) Градот не го заборава својот доктор – денес требаше да слави...

(ВИДЕО) Градот не го заборава својот доктор – денес требаше да слави роденден, повторно му ја пуштија ,,Марш на Дрина”

Денс во Ниш повторно можеше да се слушне легендарната песна „Марш на Дрина“ од многу прозорци околу 12 часот, во чест на д-р Миодраг Лазиќ, директор на УЗ Ниш, кој поч ина од корона вирусот на 14 април, а чиј роденден требаше да го слави денес.

Ниш не го заборави омилениот доктор на многумина, кој спаси безброј животи.

– Сите наши болки и грутки во грлото, зборови запрени од таа тага, сите наши солзи, сите наши стравови, немир, тишина … Сето ова најмногу ќе го одбележи нашето колективно сеќавање.

Сите овие денови на болка, беа обележани со една по име: д-р Лаза – се наведува во групата на социјалните мрежи, „Марш на Дрина“.

Инаку Србија изминатите два месеци се збогуваше со пет свои врвни доктори, кои својот живот го дадоа во борбата со корона.

“Засекогаш ќе ги памтиме, тие спасија многу животи!” Според официјалните податоци од корона вирусот ги изгубија своите животи петмина лекари.

-На корона вирус се позитивни 593 здравствени работници. Хоспитализирани се 382 а до средината на април петмина завршија фатално како последица од оваа инфекција – рече тогаш српската министерка за здравство Кисиќ Тепавчевиќ.

Ова се петмината кои својот живот го дадоа за да спасат други животи:

Вторник, 24.март – Вилјана Натиќ Љумовиќ (59), специјалист по гинекологија и акушерство од Домот за здравје во Ниш. Во моментот кога ја изгубила најголемата битка, како што се наведува во in memoriam-от на Лекарската комора на Србија (ЛКС), била една од вкупно осуммината лекари од Ниш со потврден корона вирус. Нејзе ја заразила пациентка дојдена од Милано.

-Докторката работеше во приватна клиника за вештачко оплодување. Клиниката имаше одлична соработка со Италија, од каде доаѓаа пациенти. Па така, дојде пациентката која како вулкан нè зарази овде. Докторката не беше во Италија, туку изворот на зараза дојде кај неа. Целата таа клиника е затворена – раскажува проф.Тиодоровиќ.

Вторник, 31.март – Горан Иванковиќ, само седум дена после Билјана, ја загуби својата животна битка со инфекцијата Ковид 19. Д-р Горан Иванковиќ беше уролог, специјалист, шеф на одделението за урологија во општата болница во Чуприја, угледен лекар и хуманист кого го паметат бројни пациенти и колеги.

На комеморацијата говореше д-р Вера Бранисавлјевиќ, по што колегите му одадоа последна почит со едноминутно молчење.

-Доктор Горан Иванковиќ беше човек со ведар дух, кој секогаш беше подготвен за консултација. Тој беше сестрана личност, кој не беше ориентиран само на медицината, тој го сакаше и планинарењето. Имаше доста признанија од тие области. Желба му беше да биде офицер, но на крај се одлучи за медицина, има напишано доста научни трудуви, сесрдно се даваше во својата работа и посебно се занимаваше со ендемската нефропатија.

Некои негови трудови беа дури објавувани во реномирани меѓународни списанија. Сето тоа го потврдува првата реченица дека беше широка личност, високостручен и хуман човек, кој така се однесуваше и кон своите колеги и кон своите пациенти.

Петок, 10.април – Војкан Шулубуриќ, доктор специјалист од Чачак, многу познат и ценет доктор, третиот кој ја изгуби борбата со корона вирусот.

Сабота, 11.април – Душанка Живковиќ, бивши началник на Инфективното одделение во болницата во Лесковац, четврта го изгуби животот со корона вирусот.

Таа била меѓу првите 32 заразени здравствени работници во лесковац. Како пациент со дијабетес била префрлена во белград, каде после 10-тина дена ја изгубила битката. Од вирусот заболел и нејзиниот сопруг кој се лекува во Инфективната болница во белград и засега е во стабилна здравствена состојба.

За родителите се грижела нивната ќерка единица, која е кардиолог во Клиничкиот центар и докторант, млада мајка на која паднал целиот терет. Вели дека од првиот ден од појавата на вирусот во светот, се плашела за својата мајка.

Вторник, 14.април – Миодраг Лазиќ, директорот на Ургентниот центар во Ниш, хирург, кој му подлегна на корона вирусот. Во прошталната порака на овој доктор кој влезе во легендите како воен хирург поради неговите ангажмани на фронтовите, замолил да биде испратен со звуците на Маршот на Дрина.

Ноќта, точно во 20 часот луѓето во Ниш му го пуштија последниот поздрав со сирените од своите возила.

Обработи: И.П.