Home Живот Велешанецот Ѓоре четири дена откако го победи Корона вирусот, а го загуби...

Велешанецот Ѓоре четири дена откако го победи Корона вирусот, а го загуби својот татко доби голема радосна вест

Една народна поговорка вели: „После дождот доаѓа сонце“. Семејството Давчевски од Велес е пример за тоа. Детски плач го стопли нивниот дом.

Само четиресет дена откако Ѓоре Давчевски го победи коронавирусот, а за жал, неговиот татко ја загуби битката, пред два дена во нивниот дом пристигна новиот член. Сопругата на Ѓоре, Сања на свет му донесе живо и здраво бебе.

Лозата се продолжува, фамилија Давчевски е побогата за уште еден член. Марко ќе продолжи онаму, каде што неговиот дедо сакаше. За жал, тој не успеа барем за миг да го види својот внук и да се израдува на своето поколение.

„Пресреќен сум. Добив син, чувство кое не се опишува со зборови. После тешкиот период за мојата фамилија и проблемите со кои се соочивме, ова е најубавата вест која можеше да случи.

Мојата сопруга ми го донесе мојот син Марко и бескрајно сум благодарен тоа. Таа е вистински херој за мене, затоа што во најтешкиот период во животот ни даде сила да продолжиме напред”, ја почна својата емотивна приказна Ѓоре Давчевски.

Ѓоре, неговата мајка и неговиот татко беа меѓу првите заразени со короанвирус во Велес. Поминаа низ вистински пе кол. Речиси месец и половина се лекуваа по болниците во Велес и Скопје.

Неговата сопруга беше единствената во семејството, која вирусот ја заобиколи. За жал, неговиот татко не ја издржа битката со оваа нова болест. Ѓоре жали што татко му не успеа барем еднаш да го гушне својот внук, да се израдува на моментите за кој мечтаеше.

“Жал ми е за татко ми. Жал ми е што не успеа да го види своето внуче, да се радува на моментите кои ги нуди животот. Жал ми е и што мојот син не доби шанса да го запознае својот дедо.

Но, длабоко во себе знам дека тој не гледа од некаде далеку и сигурен сум дека ни ја посакува целата среќа на овој свет. Јас му ветувам дека ќе го чувам неговиот внук, ќе го воспитувам по начелата по кои тој ме воспитуваше мене и ветувам дека лозата на фамилијата Давчевски нема да згасне”, вели Ѓоре.

31-годишното момче од Велес никогаш нема да ја заборави оваа 2020 година. Му донесе толку та га, но и огромна радост.

Вели дека тој и неговата мајка животот им го должат на оние, кои повеќе од дваесет дена деноноќно се грижеа за нив, на вработените лекари и медицински персонал од инфективното одделение на велешката болница, за што им благодарат до небо, како што вели Ѓоре.

Марко е роден во борба. Борба против невидлив непријател. Затоа и не можеше да добие посимболично име, кое означува борец. Од името на нашата редакција, но и сите наши читатели, му посакуваме да расте во безгрижно детство и да ги чува спомените на својот дедо, кој несомнено, ќе беше горд на него.

Извор: Батали.нет