Home Живот Мартин Вучиќ со моќен статус за својот родител: За некого беше шоумен,...

Мартин Вучиќ со моќен статус за својот родител: За некого беше шоумен, за други музичар, a за мене татко над татковците

Во оваа Ковид криза, Македонија го загуби еден од најголемите шоумении, воедно музичар и композитор, Драган Вучиќ. Тој не успеа да ја добие битката со Корона вирусот и замина во вечноста.

Десетина денови по упокојувањето, неговата сопруга Весна Вучиќ, која исто така беше заразена, за Фокус меѓу другото изјави:

,,Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид 19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата. Тестот за жал, беше позитивен, вели Весна Вучиќ за Фокус.

Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот.

Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат непријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ.

Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки. По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, поч ина од компликации од вирусот. Не можам да зборувам за нашиот последен разговор, за последната СМС порака…

Премногу е болно за мене, и јасно ми е дека по првичниот шок, тагата и празнината нема да стивнат. Сепак, сакам од се срце да се заблагодарам на целиот медицински тим, на таа неверојатна посветеност и грижа која што му беше пружена на мојот сопруг во тој период.

Лавовски, буквално гинеа за доброто на пациентите, правеа се што е во нивна можност. Болеста излезе посилна од лекарските напори, Драган ни се излизга помеѓу прстите – вели Весна за Фокус.”

Познатиот музичар и пејач, а сега директор на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ не може да поверува дека го загубил својот идол, татко над татковците, како што самиот напиша:

,,За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш ТАТКО над татковците!”