Home Живот По Црна Гора, уште една земја најави дека нема да прима туристи...

По Црна Гора, уште една земја најави дека нема да прима туристи од Македонија

Грција од 15. јуни најави отворање на границите за туристите од 19 земји, меѓу кои е и нашата држава. Сите туристи кои ќе влегуваат, нема да мораат да се тестираат.

Сега српскиот „Блиц“ пренесува дека Грците ќе бараат во секој автомобил кој ќе влегува кај нашиот јужен сосед, да има само двајца патници (возач и патник).

Исклучок од оваа мерка би биле родителите на малолетни деца, односно во тој случај децата може да патуваат со нив во истиот автомобил. Но доколку нивните деца имаат над 18 години, тогаш ќе мора да патуваат со посебен автомобил.

Доколку автомобилот поседува седум седишта, тогаш во него ќе може да се возат три лица, а со девет седишта возачот и уште тројца патници.

Ова како најава го потврдил директорот на националните туристички агенции во Србија, а правила кои ќе важат за сите кои ќе влегуваат во Грција, па и за нашите државјани.

Сепак, до 15 јуни има повеќе од две недели, па во зависност од тоа како ќе се движи пандемијата во регионот, можно е да има и промени.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија.

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји за туризам.

Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, наведе Пленковиќ. Како што рече тој, листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.

Претходно, и Црна Гора објави листа на земја за кои ќе бидат отворени границите од 1 јуни, а меѓу кои не се Македонија и Србија поради бројот на случаи со заразени од коронавирусот. На листата на земји што може да летуваат во Црна Гора од регионот се наоѓаат Хрватска, Албанија, Грција и Словенија.