Home Вести ТВ 24 се огласи пред неколку моменти со оглед на тоа што...

ТВ 24 се огласи пред неколку моменти со оглед на тоа што Зекири пред неколку дена беше во нивна емисија

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ е позитивен на коронавирусот. Тој ова го откри на својот профил на „Фејсбук“, а напишта дека позитивни се и сопругата и тримесечното бебе.

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка излеговме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

За среќа јас немам никаков симптом, но имам позитивен резултат. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција“, напиша Зекири.

По повод ова, со соопштение до јавноста излезе ТВ24 по веста дека Зекири има коронавирус, а во истото се вели:

„По денешната објава на потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири дека е заразен со коронавирус, Телевизија 24 ја информира јавноста дека Зекири во четвртокот беше гостин во Отвореното студио, на дебата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Дебатата ја водеше колешката Душица Мрѓа.

Во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите испочитувани се сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде беше присутен Зекири е дезинфицирано.

Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик.

Колешката Мрѓа е добро, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите. На Зекири и неговото семејство му посакуваме брзо оздравување.

Телевизија 24 продолжува непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија и протоколите за работа во услови на епидемија“.