Home Живот Боки Бургија: Железарци тука ли сте – ви текнуе ли кај се...

Боки Бургија: Железарци тука ли сте – ви текнуе ли кај се јадеше најдобрата шкембе чорба

Борче Трајковски: Железарци, тука ли сте?

,,Најголемата фабрика у Македонија, у неговот време, мислам на Титовото, оноа, демек, “лошото“ време, ги хранеше своите работници со храна на која можат да и завидат многу денешни ресторани, кафани и сендвичари.

Шкембето у Железара беше едно од највкусните чорби у државава, без да им се извинам на кулинарите у Бристол, Букет, Победа. Железарската шкембе чорба беше бр.1 у цел свет на Македонија.

Такви и слични беа сите други јадења во текот на неделата, и, многу ретко можеше да се забелжи дека некој од нив си носи сендвич, храна од дома.

Работниците у Железара имаа кујни, од чија храна можеше секој гурман да се најежи пред да се поклони…

Е сеа, муабетот ми е за Крањските колбаси од Железара. Денес, као самохран татко, дедо, сопруг, сам со себе и кујната до мене, (Тањушка ми е у Дојран, децава во своите атари заедно со внуците), тркнав до маркет да побарам Крањска.

Сакав да се вратам во времето на неповторливите вкусови на колбасот, за кој, до тепачки доаѓаше кој ќе земе на време и кој ќе земе две пакетчиња од истите. Колбасот беше обарен и така, топол, им се предаваше на работниците.

Арно ама, кога таквиот колбас, ќе се свртеше неколку пути на решо, кога од истиот ќе пресечеш парченце, ќе го закачиш на виљушка, и ќе го мацнеш во Вегета, следуеше:

Затварање на очи, микс на неодоливи и единствени сокови кои се слеваат во усната шуплина, вкусови кои со ниту едни зборови може да се опишат.

Ги барав тие вкусови и тогаш додека работев таму, за да ги осетам во домашен амбиент. Ги побарав и денес. Не ги наоѓав тогаш, не ги најдов ни сега. А ги затварав очите. Џабе… Тенкју…”