Home Вести Македонија Филипче денес објави за рекорден број позитивни, 120 – се огласи и...

Филипче денес објави за рекорден број позитивни, 120 – се огласи и Заев

Министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на својот профил на социјалните мрежи извести за најновата состојба со Корона во земјава.

-Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа, во Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1, Струмица 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје 8, Штип 3, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

На својот профил на социјалните мрежи се огласи и лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев:

,,Само со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.

Коронавирусот е реалност и никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

Овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик. Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!”