Home Вести Македонија Моментално сум во карантин, но сакам да му се заблагодарам на овој...

Моментално сум во карантин, но сакам да му се заблагодарам на овој човек за сè што направи за мене

Во нашата држава, сеуште важат мерките со кои границите и аеродромите се затворени, освен за хуманитарни летови, со кои државјаните пристигнуваат во земјава.

Секој што ќе пристигне на граница и покаже негативен ПЦР тест не постар од 3 дена, оди во домашна изолација во траење од 14 дена. Во спротивно, ќе биде спроведен во државен карантин.

До нашата редакција пристигна порака од наш читател кој сакаше да остане анонимен, но истовремено како што нагласи, има желба да се заблагодари на македонски дипломат, кој несебично се заложил за Македонците во дијаспората во оваа криза.

„Македонија има амбасадор со кој може да се гордее! Во морето од негативни информации насекаде околу нас, во време кога е најтешко да си македонец во Македонија, навистина е неопходно да се истакнат и светлите примери.

Македонскиот амбасадор во Бразил, кој ја претставува Република Македонија во Јужна Америка, со месеци од избивањето на кризата со Ковид 19, прави неверојатни напори да им помогне на нашите граѓани затекнати не по своја вина далеку од домот.

Мојот пример е само еден од многу други што лично ги знам. Секојдневно одговарање на нашите прашања и проблеми, секојдневно барање начин како да бидеме внесени во ЕУ листите на таканаречените “хуманитарни” летови, на кои секогаш ЕУ бирократите си даваа предност на своите граѓани, секојдневно контактирање со разни дипломатски претставништва во наша полза и конечно успешно организиран транспорт до Европски аеродроми со соодветна документација за транспорт.

Имавме многу проблеми да се вратиме во Македонија после скоро 3 месеци неизвесност, а Ивица Боцевски мислам ги преживуваше заедно со нас, со постојана поддршка во клучните моменти. Искрено да не беше тој ќе бевме без никаква поддршка, но не ми е намера сега да критикувам некои институции.

Нема да ги повторувам проблемите што го чекаат секој македонски државјанин кога ќе влезе во Македонија – најтешко е да си македонец во Македонија.

Тоа што другите веќе го пишуваа за хаотичната и нехумана процедура од граница до непотребниот карантин е ВИСТИНА. Само за информација на аеродромот во Софија најљубезно ги дочекуваат бугарите кои само пополнуваат формулар и си одат на адресата која ќе ја посочат во самоизолација.

Нас не носеа, како што рече еден: “и вие сте за во Ауш виц?”.

Но важно стигнавме а грижата на Амбасадорот продолжи за сместувањето во хотел и за тестирање од надлежна лабараторија. Чест треба да и е на Македонија што има такви кадри. ТИ БЛАГОДАРИМЕ АМБАСАДОРЕ!“

*Името и презимето познати на редакцијата на Галама