Home Естрада Елена Велевска: Ова е мој подарок за Македонците ширум светот

Елена Велевска: Ова е мој подарок за Македонците ширум светот

Една од најпознати македонски фолк пејачки Елена Велевска секогаш знае да го привлече вниманието на јавноста.

Таа уште на осум години запеа на училишните смотри и оттогаш многу работи и беа подредени на песната. Настапите на тие смотри станаа нејзина лична традиција и прекрасно искуство се до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено беше избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одаржа во Продиштип.

Тоа беа нејзините рани почетоци на кои секогаш со радост и растреперено срце се присетува. Својата прва песна “Сонувам” ја сними на петнаеседгодишна возраст со групата “Уникат” од Прилеп. Тоа многу ја охрабре и ја разгоре кај неа желбата да почне да го поседува својот прв солистички албум кој конечно и се случи насловен како

“Што ќе ми се пари” а го сними во прилепското студио “Точак” на кој продуцент му беше Дејан Момировски. Дејан Момировски го донесе и текстот на нејзиниот следен голем хит “Пу ,пу машала” по враќањето од Австралија. оваа песна го најави и нејзиниот втор албум на кој имаше осум песни, па затоа подоцна и целиот албум го именуваше по истата песна. Бидејќи, “Пу, пу машала” многу брзо ги освои вашите срца и ја поттурна нејзината музичка кариера, таа тоа го смета за официјален почеток на нејзината кариера. Фестивалите и се наметнаа како неопходност и тие беа нејзиниот следен голем чекор, првиот фестивал на којшто настапи беше “Гоце фест 2002”, каде со групата “Болеро” од Струмица ја испеа песната “Еј, моја Македонијо”.

Таа година настапи и на “Цветници 2002” повторно со “Болеро” и ја отпеа песната “Сите солзи ќе ги пролеам”. Логично и неминовно продолжение на нејзиното чекорење кон вашите срца беше и нејзиното самостојно излегување на “Валандово 2002” со песната “Свири чичек” на која комплетен авотор беше Илчо Јованов и каде конечно нејзината работа доби потврада со награда за сценски настап. На тој сценски настап беше придружувана од маестро Ферус Мустафов и дел од оркестарот “Агушеви”.

Смета дека фестивалите и ја отворија вратата за ширење на нејзината кариера надвор и нејзините турнеи кај нашите во Швајцарија и Италија зачестија. Следната 2003, се представи и на “Тетовски фолк фестивал” со песната “Живеам за тебе” која беше многу добро прифатена и и донесе учество на “Фолк хит на годината”. Конечно, таа 2003, по низа години работа доживеа да настапи на фестивал во нејзиниот роден град Прилеп, а тоа беше првиот “Низа фестивал”.

Песната што ја донесе таму беше “Мелем песна” на авторката Радмила Митровиќ. Набргу замина на турнеа низ Австралија заедно со Дејан Момировски. На таа турнеа ги започна подготовките за нејзиниот трет проект грижливо собирајќи дел од материјалот. По браќањето во “Македонија” го доби и преубавиот текст “Говорот на телото” од Ѓорѓи Калајџиев. Тоа беше бурен период од бројни ангажмани, но таа сепак вредно и неуморно работеше на нејзиниот трет носач на звук на кој се најдоа дури шеснаесет песни. Тие новогодишни празници ги помина во Америка на бројни настапи и пред бројна публика. Следното лето настапи на “Охридски трубадури” со песната “Шах-мат”.

Истовремено, тоа беше период во кој настапуваше низ повеќе познати локали низ Струмица ( хотел “Терминал – Траншпед”, ноќен бар “Пели” и други ). Прифатеноста на “Жена огнена” изведена на “Роса 2004” и донесе многу радосни моменти и желба и елан за нова работа. На целата таа акмосвера одлично и се надоврзаа и срдечните и громогласни аплаузи што ги добиваше за време на настапите на новите турнеи низ Италија, Швајцарија, Германија, Америка и Австралија.

Елена и нејзиниот колега Гоце Костоски Пејак ги обработија големите Македонски патриотски песни како што се “Послушајте патриоти”, “Народе Македонски”, “Земјо Македонска”…

Реакциите околу проектот и песните не стивнуваат, видеата се споделуваат, слушаат што е одличен доказ дека Елена и овој пат го направила вистинскиот избор.

“Неизмерно сум среќна што им се допадна, овој проект беше наменет, односно ова е мој подарок за Македонците ширум светот. За секој оној кој што се чувствува така. Прифатеноста на публиката ме поттикна да не застанам и да направиме нешто ново. Тешко беше да се направи селекција, има уште многу убави песни кои ќе бидат реализирани во следниот период. Јас како естраден уметник имам обврска и задача да придонесам да не се заборави Македонската песна, тоа го правев и ќе продолжам да го правам и во иднина. А публиката со тоа што слуша, потврдува дека ја сака и почитува македонската песна”-изјави за Естрада плус