Home Естрада (ФОТО) Пејачот Љуба заврши во болница под сомнение за вирус, па се...

(ФОТО) Пејачот Љуба заврши во болница под сомнение за вирус, па се огласи до фановите

Во изминатово деноноќие во Србија се регистрирани 227 новозаразени од Ковид-19, а две лица поч инаа, јавија српските медиуми.

Претходните денови, постепено се зголемуваше бројката на новозаразени кај нашиот северен сосед. Неколку дена со ред имаа по над 90 заболени, за последните два дена бројката да се искачи над 100, а денеска се регистрирани 227.

Во последните 24 часа тестирани се 5.933 лица, а вкупно 380.808 од почетокот на епидемијата.

Во Србија, во моментот има активни 1.187 случаи, а вкупно се регистрирани 13.792. На респиратори се 32 пациенти.

Коронавирусот се уште е присутен во целиот свет, а во последно време неколку јавни личности се позитивни на Ковид 19.

Пејачот Љуба Перучица на својот „Инстаграм“ објави фотографија од болницата на „Бежаниска коса“ во Белград.

„Драги мои, ова ќе биде моја единствена изјава и ве молам да не ме вознемирувате. Не сум единствен кој се лекува, телефонот ми ѕвони, а тоа не ме неривира само мене туку и луѓето кои се тука.

Имам воспаление на белите дробови, се уште не ги добив резултатите од Ковид 19, но секако се сомнева на оваа болест. Се чувствувам добро, не сум на апарати, ги примам потребните лекови и за неколку дена ќе бидам дома.

Би ги замолил сите кои беа во контакт со мене, да внимаваат и да се проверат доколку имаат некои симптоми. Чувајте се и благодарам на разбирањето“, напиша пејачот на „Инстаграм“.