Home Естрада (ФОТО) Предизвикува восхит и воздишки – дами и господа, ќерката на Здравко...

(ФОТО) Предизвикува восхит и воздишки – дами и господа, ќерката на Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ. Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки.

Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975.

Вториот пак, насловен како Ако приѓеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.

Уна Чолиќ, наследничката на еден од најпопуларните пејачи во регионот, Здравко Чолиќ, стана вистинска Инстаграм ѕвезда.

Во овој момент, неа ја следат околу 25.000 корисници на оваа социјална мрежа, а скоро секоја објава од неа завршува на порталите.

Уна, која наполни 18 години минатата година, привлекува внимание на Инстаграм со својата физичка убавина, како и скапите и провокативни парчиња облека што често ги носи.

Уна живее како повеќето нејзини врсници и сака да излегува, да патува и сл…

Таа неодамна го промени својот имиџ. Ја надогради косата и стана бринета, а за новата фотографија доби бројни пофалби од нејзините следбеници.

За разлика од повеќето наследници на познатите на Балканот кои не сакаат да се експонираат во јавноста, Уна е сосема спротивна и сака да биде во фокусот на медиумите и оние кои и ласкаат.

Извор: Вистина