Home Вести Македонија Денес од овој свет си замина уште еден познат млад македонски музичар

Денес од овој свет си замина уште еден познат млад македонски музичар

Ристо Меловски или познат како Ди-џеј Ицко, поч ина пред две недели. Тој имаше само 48 години, но не ја издржа борбата со корона вирусот.

Диџеј Ицко на клупската сцена во Македонија ѝ е познат повеќе од 15 години. Прогресивната музика е основен елемент на неговите миксови во комбинација со електро и вокални елементи кои прават интересна фузија и вистинско задоволство на „хаус“ музика.

Веќе 10 години беше дел од најголемата радио станица во Македониjа. Се смета за легенда одговорна во најголем дел од развојот на електронската сцена во Македонија на највисоко ниво, а неговите емисии на радио се добро познати и надвор од Македонија.

Ди-џеј Ицко беше и голем фан на тимот на Јувентус, поради што Фејсбук страната на фанови на овој тим во Македонија испрати последна порака за него.

Како што е познато битката со вирусот не ја издржа ниту Драган Вучиќ кој си замина од овој свет.

Денес пристигна уште една неповолна вест. Имено на 50 години  згасна животот на познатиот 50-годише ди-џеј кој во минатото настапуваше под уметничкото име Диџеј Хитмен,а пота и како Диџеј (AK47).

Станува збор за кочанчанецот Тоше Иванов. Диџеј AK47 има забележано најголеми успеси од сите поранешни и сегашни македонски диџеи. Во 1989 година е избран за „Најдобар диџеј на Европа“ од страна на „DMC“ (светска дискџокејска организација).

Во почетокот на 90-тите години од 20-от век, работи како музички водител на Македонската Телевизија и во скопската радио станица „Мега ФМ“. И понатака продолжува да биде диџеј, за да во 2000-та година на натпревар на диск џокеи во Лас Вегас (Невада, САД) ја добие титулата „Милениумски Диџеј Шампион“.

Благодарение на успесите кои го следат во текот на целата кариера, диџеј Хитмен сега познат како диџеј АК47 постојано е на турнеја низ светот. Никогаш не настапувал под името (ФИРОМ) со што покажува и не се срами да каже дека е вистински Македонец и ја промовира нашата држава под нашето уставно име Македонија.