Home Вести Македонија Кумановската докторка Гордана: За последиците ќе зборуваме по 6 месеци

Кумановската докторка Гордана: За последиците ќе зборуваме по 6 месеци

Како што беше објавено денес од Министерството за здравство, во Македонија во еден ден е забележан најголем број на упокоени. Во последните 24 часа своите животи ги загубија 12 лица.

По чинати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби поч инаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 септември“ поч инати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е по чинат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е почи нат пациент на 70 години. Во Тетово е почи нат пациент на 62 годишна возраст

Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле поч ина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.

Докторката анестезиолог од Куманово, Гордана Николиќ која беше првиот заразен медицински работник од корона вирусот денес се огласи на социјалните мрежи.

Буткањето ѓубре под тепих, не значи дека го нема. Негирање на вирусот и опасноста од него, не значи дека го нема. Инаку следен попис кога е?? …

.Мислам дека ќе нема пораст на број на население, туку пад…ако продолжите да негирате нешто што постои и да бидете себични. Дека вие сте здрави и вас вирусот ништо не ви може, онака од нога ќе го победите.

Само кој ви дал гаранција дека ќе го победите и тоа без последици се прашувам??? За последиците ќе зборуваме по 6 месеци, година…..до тогаш чувајте се себе, а и другите.Носете маски каде треба и тоа правилно!!!