Home Живот Лиде Лиде успea кај Филипче – ќе и се посреќи ли и...

Лиде Лиде успea кај Филипче – ќе и се посреќи ли и на Фросина со Никола Димитров?

Во изминатите повеќе од три месеци, јавноста во Македонија секојдневно и со огромен интерес го следи на малите екрани и на социјалните мрежи Венко Филипче.

Несомнено е дека Филипче стана најпопуларна личност кај нас. Впрочем, тоа го покажуваат и анкетитете. Венко Филипче ужива околу 80 процентна популарност меѓу граѓаните.

Од неодамна на неговите прес конференции, меѓу коментаторите беше забележана една негова обожавателка позната како Лиде Лиде, која јавно се изјасни дека има желба да пие кафе со минестерот.

Оваа симпатична покана не остана незабележана ниту од новинарите, па во неодамнешното интервју на ТВ21, новинарот го праша министерот Филипче дали би излегол на кафе со Лиде Лиде, на што тој одговори дека со задоволство би испил кафе со неа по завршувањето на кризата со пандемијата.

На среќата на Лиде Лиде и немаше крај. Таа задоволно заклучи дека упорноста се исплати и на својот профил на социјалните мрежи почна да прави планови како сето тоа би изгледало.

Во изјава за Галама, Лиде Лиде одговори на најважните прашања пред средбата со министерот. На прашањето какво кафе би пиеле на средбата со него, таа одговори дека ладно макијато би бил нејзиниот избор.

На прашањето дали има некој омилен локал каде би сакале да го пијат кафето со министерот или изборот ќе му го препуштите нему, Лиде рече:

-Ќе оставам да одлучи министерот…иначе ја би пиела кафе на Филипини хахаха.

Денес на социјалните мрежи забележавме нов сличен обид да се пие кафе со актуелен министер. Фросина Ѓорѓиовска од Скопје, му предлага на Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за кого напоменува дека се комшии, да пијат кафе:

„Министре Димитров, ви фали yште бела кошула што сама се соблака, па така облечен (или соблечен), како добар комшија да ме викнете на кафе.

За сефте идење кај вас на комшиска база, ќе купам торта од Канела, со јагода на шлагот. Кафето и муабетот се на ваша сметка. Штом се решите, барајте ме на фиксен или јас ќе ве побарам на домофон.“

Навистина симпатични статуси, во ова, во суштина тешко време, кога луѓето се преокупирани со пандемијата која зеде замав кај нас изминатите три недели.