Home Живот Од сопругот бара да и дава по 3000 долари месечно – сите...

Од сопругот бара да и дава по 3000 долари месечно – сите останаа зачудени кога ги слушнаа причините

Жената, својата идеја најпрво ја постави на Интернет, прашувајќи ги корисниците дали се согласуваат дека има право да бара по 3.000 долари од својот сопруг за оваа работа.

Анонимна мајка од Америка, ги праша членовите на американскиот форум Редит, дали греши со тоа што сака да биде платена, од страна на својот сопруг, бидејќи седи дома и го чува нивното дете.

Интернет заедницата ги подели своите мислења и ставови. И додека некои велеа дека жената е сосема во право, други сметаа дека сепак 3.000 долари е неразумна сума.

„Мојот сопруг заработува добро, но е многу економичен и не сака да троши многу, освен на строго потребни работи, бидејќи сака да биде финансиски независен на млади години. Најверојатно бил таков и пред да се запознаеме. Но и јас тогаш имав своја работа и свои пари да правам што сакам.“-напиша мајката.

Откако стапиле во брак и го добиле своето дете, мајката останала без работа и своето време го посветила на одгледување на нивното дете.

Но, бидејќи сега не заработува сопствени пари, мајката се пожалила дека нема пари да си купи гардероба, шминки, модни додатоци, а за да си купи било што, треба да бара дозвола од својот сопруг.

„Живееме во место каде што повеќето работи се евтини, па не барам многу.“-додава анонимната жена, која инаку е во брак 4 години.

Додека дел од Интернет корисниците ја поддржаа, дел се пошегуваа на нејзина сметка.

„Значи ти сакаш да ти даваат пари за работа на една дадилка, за да имаш да си трошиш. Ова е апсурдно и смешно, освен ако не сте пребогати“- напиша еден корисник.