Home Вести Македонија Боки Бургија: Мира „Дизел“ и Бонева се мачји кашаљ што сум бил...

Боки Бургија: Мира „Дизел“ и Бонева се мачји кашаљ што сум бил јас на времето

Борче Трајковски: Ако ви треба молер, јавете се…

„Млад брачен пар од Скопје. Машкото три годинки, женското пред раѓање. Есен 1986 година. Двајцата вработени. Живеевме во доградба направена според сите нишани на нашите можности и барања.

Куќичка направена од наши средства. Кредити до гуша, од банки, од работа, од секаде, ама, меракот да се направи свое гнездо, да се внесат свои лажици и виљушки, свои тави, тенџериња, машина за перење, фрижидер, гарнитури за седење, полици и таканатаму, немаше цена.

Жртвувавме како и многумина на наша возраст во тие времиња, се заглавивме до гуша, за да го стокмиме сопствениот дом. И што да ви кажувам. Мераци. Се’ во куќата се смееше.

Нова кожена гарнитура за седење, трпезариска маса и столчиња, никловани, “Симпо“ Врање, италијанска направија, теписи рачна изработка, (набавени на рати од еден подрум во ГТЦ, чиста рунска волна), додека “Мебло“ од Сингелиќ се погрижи за полиците и долгата наткасна во “Г“, со посебен простор во ќошето за телевизорот, па цвеќиња, саксии, раскошни завеси, лилакова боја на ѕидовите, (така беше модерно), и се’ мириса на ново. Радости.

Таа 86 година веќе беа поминати 4 години од вселувањето, од првите кеифови, ама, за се’ што донесовме во новиот дом, за се’ се грижевме како да сме вчера вселени. Од другава страна платите растеа, а кредитите полека се чистеа. Минусите на тековните сметки во Комерцијална се намалуваа, па банката почна повторно да ни издава по 20 или 15 чекови минимум. Супер. Животот продолжува да тече како во бајка. Ред е за ново задолжување, нели..?

Тоа неделно попладне, додека го џускавме кафето, Тањушка, прво, разгледа во таванот, па во ѕидовите, па се заврте наоколу и рече:

– Не би било лошо да го искречиме куќичево, што викаш?

– Само што сакав и јас да ти го предложам истото!, ко од топ и’ реков со восхит. Ама навистина, мислам, без зезанција, редно беше да го направиме тоа после 4 години откако се вселивме.

И веднаш после првата констатација, повторно настапив јас, домнаќинот, главата на куќата, аџамијата, и реков:

– Јас ќе го искречам нашево гнездо!, браво, рече Тања, и толку. Таа работа веќе беше договорена, и тука немаше реплики и контрареплики…

Во тоа време, во СР Македонија, (Социјалистичка Република), да работиш во словенечка фирма, беше привилегија и огромна предност во однос на сите други. Имав среќа од Железара да ме примат во “Бирострој“ од Марибор, каде, рука на срце, земав поголема плата од генералниот на Железара.

Плус секојдневни исплаќања на дневници и километража од патувања низ Македонија, Косово и Јужна Србија. Мира дизел и Бонева, мачји кашаљ. Јебига, ама тоа беше. И така беше. И да се вратам на темата за молерот…

И реков на Тања дека ќе земам одмор една недела, дека ќе набавам се’ што ми треба за молерисување: Шајбна, ваљак, четки, кофи, скаличка, средства за миење на ѕидовите, 3 канти поликолор, и ќе го светнам станчето ко јајце, има да сија. И така се деси.

Земав 5 работни денови одмор, купивме се’ што требаше според списокот, растргавме ствари лево десно, покривме тоа што можеше да се покрие, и веќе третиот ден од одморот, можеше да се тргне во молерисување.

Разредениот поликолор во канта, ваљакот у рука, тука се и четките и шајбната, скалата раширена, ја у куси панталони, капа од весник, молерска, гумени ракавици, го брцам ваљакот у кантата, го звртуем ко прав молер, се качувам на скаличката, и нешто згазнав на второто скалило од сите три.

Капачето од пластичното шише со “модар камен“, средството со кое претходно ги миев ѕидовите и таванот, сум го заборавил тука, и тоа беше јебига…

Рефлексно реагирам, потскокнувам, скалата се затетеруе, се обидувам да ја задржам, со левата нога шљапнувам у кантата со поликолор до колено, у десната рука го држам ваљакот више нацицан со боја, ми се лизнуе кантата, паѓам на паркет, ваљакот ме акнуе у лице, а од кантата експлозија на сите страни.

И тросед, и фотелји, и паркет, и полици и трпезариска маса, и високи прозорци, све си доби по некоја водопадна флека, или капка од поликолорот, а јас, молерот, целиот у бело, окречен од глава до пети, лежам доле.

Тањушка само ме праша дали сум добар. Да, и’ реков, ама не станував. Таа почна да се смее на глас, а јас, почнав да мислам, уствари, тогаш, како и за многу работи у животот, откако ќе ги укашкав, почнуев да размислувам правилно:

Абе Боки, зема одмор, ќе имаш минус од плата, изгуби дневници и патни трошоци куп, потроши грдни пари за алати и други заебанции, за на крај да се најдеш на паркет умачкан у поликолор, у сред работи кои месец дена ќе треба да ги чистиш, гарнитури за седење, полици, столици и маси, и куќичето не окречено. А се’ можеше да те чини онолку колку што ги плати четките, ваљците, шајбната и скалите…

Ако ви треба молер, јавете се у инбокс… Тенкју…“