Home Живот Доказ дека животот пишува романи: По 20 години разделеност животот ги споил...

Доказ дека животот пишува романи: По 20 години разделеност животот ги споил на најубав можен начин

Лора Шил и Мет Гродски имаат приказна како од бајка. Уште на предучилишна возраст, Мет им кажал на своите пријатели дека тие двајца ќе се венчаат. Дваесет години подоцна, навистина се венчале.

Мет и Лора се запознале во Феникс кога биле деца. Како што Мет напишал на Инстаграм „еден од моите први спомени е дека имав 3 години, станав и пред целото одделение кажав дека еден ден ќе се венчам со неа“.

Тој сè уште се сеќава кога биле заедно, играјќи криенка и кога останувале будни до доцна. Лора го учела како да се лула на лулашка и да црта.

„Сите деца го сакаа филмот ‘Кралот лав’ во тоа време и поминувавме многу време цитирајќи реченици од тој филм. Се сеќавам дека сакав да ја импресионирам на празникот за 5 мај, кога се обидувавме да отвориме пињата. За среќа, јас бев тој што ја отвори и со тоа ѝ го привлеков вниманието.“

Тие се разделиле кога почнале да одат во различни училишта. Лора се преселиле на другиот крај од градот и изгубиле секаков контакт.

Години подоцна, во средно училиште, другар на Лора ѝ го спомнал Мет. Излегло дека одат заедно на тренинзи. Кога му раскажала дека и таа го познава Мет, истиот пријател сакал да им помогне да се видат, но таа била скептична.

„Бев многу неодлучна. Но ми испрати порака и се видовме“, рекла Лора.

Тоа било доволно за да продолжат таму каде што застанале. Во рок од две недели, Лора и Мет официјално започнале врска.

Во мај 2015 година, Мет го исполнил своето ветување од детството и ја запросил во истата предучилишна установа каде што почнало сè. Ја изненадил преправајќи се дека само одат на славенички пикник за да го обележат крајот на првата година факултет.

„Додека се возевме со автомобил постојано ме прашуваше зошто изгледам нервозно. Го проверував џебот, додека таа не ме гледаше, за да бидам сигурен дека тука ми е прстенот“, рекол Мет.

„Клекнав на колено и брат ми беше тука да нè фотографира. Лора беше во ш ок. Ѝ раскажав зошто треба да се омажи за мене и кажа да!“