Home Вести Македонија Филипче со позитивни вести – денес големо намалување на процентот на позитивни

Филипче со позитивни вести – денес големо намалување на процентот на позитивни

Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови. Но, при влошување на симптомите пациентите треба веднаш да се упатат на болничко лекување.

Oгромен дел од см ртноста кај заболените пациенти е заради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од см ртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница.

Заради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување, велеи министерот Филипче.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти и тоа во Скопје 43, Штип 1, Битола 1, Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на поч инати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 вои тоа во Скопје 66, Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Тетово 19, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1, Ресен 3.

Поч инати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Може да се забележи дека за разлика од изминатите денови, кога процентот на нови позитивни од тестираните се движеше од 13, па се до 20 посто, денес тој е само десет проценти. Да се надеваме дека тенденцијата во деновите кои следат ќе биде со надолна линија.